Прејди на содржината

Темен шаренец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Темен шаренец
Женка
Женка
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Класа: Insecta
Ред: Lepidoptera
Семејство: Шаренци
Род: Melitaea
Вид: M. diamina
Научен назив
Melitaea diamina
(Lang, 1789)
Синоними[1]

Темниот шаренец (Melitaea diamina) е пеперутка од семејството на шаренците.

Подвидови[уреди | уреди извор]

Подвидовите на пеперугата се:[2]

  • Melitaea diamina alpestris Fruhstorfer, 1917
  • Melitaea diamina badukensis Alberti, 1969
  • Melitaea diamina codinai Sagarra, 1932
  • Melitaea diamina diamina (Lang, 1789)
  • Melitaea diamina erycina (Lederer, 1853)
  • Melitaea diamina erycinides Staudinger, 1892
  • Melitaea diamina hebe (Borkhausen, 1793)
  • Melitaea diamina vernetensis Rondou, 1902

Распространетост[уреди | уреди извор]

Пеперугата е распространета во Средна и Јужна Европа, јужен Сибир па сè до Јапонија.[2][3] Ја има и во Македонија. Овие пеперуги сакаат цветни и тревни површини, шумски предели на надморска висина до 2200 метри.[4]

Опис[уреди | уреди извор]

Пеперутката има распон на крилја од 36 до 42 мм. Женките се поголеми од мажјаците.[5][6] Горната страна на крилјата се во темнокафена боја. Рабовите се во бела боја, а покрај рабовите до средината на крилјата има портокалови дамки во различна големина и форма. Телото е кафено, со црно-бели антени. Долната страна крилјата е во светлокафена или портокалова боја со бела боја и црна бордура. Видливи се кафени вени со црни шари. Задниот дел е пошарен со разновини форми на црна, портокалова и бела форма.[4][7] Видот лета од мај до јули. Во потопли предели има и до две генерации.[4] Гасениците се хранат со растенијата Valeriana officinalis, Valeriana sambucifolia, Valeriana dioica, Valeriana wallrothii, Filipendula ulmaria, Veronica chamaedrys, Plantago lanceolata, Melampyrum pratense, Melampyrum nemorosum, Polygonum bistorta и Patrinia.[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Ebert, G. & E. Rennwald (1993). Die Schmetterlinge Baden-Württembergs, Bd. 1., Stuttgart (Verlag Eugen Ulmer), pp. 508–513.
  • Mitchell Beazley (1981). The Mitchell Beazley Pocket Guide to Butterflies. Mitchell Beazley, London. p 76.
  • Schweizerischer Bund FÜR Naturshutz [eds.] (1987). Tagfalter und ihre Lebensräume. Arten – Gefährdung – Schutz, Fotorotar AG, Egg, Zurich. pp. 220–221.
  • Tom Tolman, Richard Lewington - Guide des papillons d'Europe et d'Afrique du Nord, Delachaux et Niestlé, (ISBN 978-2-603-01649-7)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Lepiforum.de
  2. 2,0 2,1 2,2 "Melitaea Fabricius, 1807" at Markku Savela's Lepidoptera and Some Other Life Forms
  3. „Fauna europaea“. Архивирано од изворникот на 2012-10-20. Посетено на 2021-02-08.
  4. 4,0 4,1 4,2 Melitaea diamina at Matt's European Butterflies
  5. Nature Gate
  6. „Captain's European Butterfly Guide“. Архивирано од изворникот на 2019-07-21. Посетено на 2021-02-08.
  7. Butterflies and Moths DK – Pocket Nature

Надворешни врски[уреди | уреди извор]