Телетабиси

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Слика со главните ликови во серијата

Телетабиси (англ. Teletubbies) е телевизиска серија од BBC наменета за децата од предучилишна возраст. Серијата е во продукција на Ragdoll Productions, а била снимана во периодот 1997-2001. Таа е во авторство на креативниот директор на Ragdoll, Ана Вуд и CBE директорот Андреј Девенпорт, кој ги напишал сите 365 епизоди од серијата. Оригиналниот наратор на програмата беше Тим Витнал. Телетабиси прв пат во САД беа емитувани на 31 март 1997 година, на програмата на Јавниот радиодифузен сервис (PBS). Подоцна беа префрлени на националната телевизија (BBC), каде што епизодите беа емитувани од 6 април 1998 година до 19 јуни 2005 година. Во 2001 година производството беше откажано и беше најавено дека нема да има нови епизоди, а со последната епизода емитувана на 5 јануари 2001 година ќе се заокружи серијата. Сепак, вкупно 365 епизоди беа направени, кои беа прикажувани во неколку сезони. Во првата година од ТВ дебито, серија беше една од четирите најгледани и најпопуларни детски емисии. Поголем рејтинг на гледаност од неа имаа единствено Boohbah (2005), Гледачот Виножито (2006) и Малиот господин Роџерс (2008).