Тежишна линија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Во геометријата, тежишна линија на триаголник е отсечка која поврзува теме од триаголникот со средната точка на страна спротивна на тоа теме. Друг термин за тежишна линија е медијана. Трите медијани се сретнуваат во една точка. Оваа заедничка точка се вика тежиште или центроид и е центарот на маса на триаголникот.