Тасманова Планина
Изглед
| Тасманова Планина | |
|---|---|
| Mount Tasman | |
| Највисока точка | |
| Надм. вис. | 3497 м |
| Истакнатост | 519 м |
| Заведена како | бр. 2 во земјата |
| Координати | 43°34′S 170°9′E / 43.567°S 170.150°E |
| Географија | |
| Матичен венец | Јужни Алпи |
| Искачување | |
| Прво освојување | февруари 1895 г. од [Едвард Фицџералд, Матијас Цурбриген и Џек Кларк |
| Најлесен пат | ледник/снег/мраз |
Тасманова Планина (англиски: Mount Tasman) или Хорокоау (маорски: Horokoau) — втора највисока планина во Нов Зеланд, со височина од 3497 метри. Таа е дел од Јужните Алпи на Јужниот Остров, 4 километри северно од нејзиниот поголем сосед Куковата Планина (Аораки). За разлика од Куковата, Тасмановата Планина лежи на главната новозеландска разделница, на границата помеѓу националниот парк Аораки/Кукова Планина и националниот парк Вестленд. Планината е највисокото место во округот Вестленд.
Поврзано
[уреди | уреди извор]| Оваа статија за место во Нов Зеланд е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
