Таен поклоник на Едгар Алан По

Од Википедија — слободната енциклопедија

Таен поклоник на Едгар Алан По (англиски: Poe Toaster) — неофицијалниот прекар којшто му бил даден на некоја мистериозна личност која секоја година од 1949 до 2009 се појавувала на гробот на американскиот автор Едгар Алан По на неговиот роденден, 19 јануари. Очевидците кажувале дека личноста облечена во црно со шешир на главата и бел шал, оставала секогаш по три рози и половина шише француски коњак а потоа навечер ќе исчезнела. Иако многумина луѓе доаѓале да го гледаат настанот никој не се обидел да го спречи.