Студено во јули

Од Википедија — слободната енциклопедија

Студено во јули (англиски: Cold in July) е американски филм од 2014 година, во режија на Џим Микл. Главните улоги ги играат: Сем Шепард, Дон Џонсон, Мајкл Ц. Хол, Вајат Расел и Ванеса Шо.

Содржина[уреди | уреди извор]

Додека ги истражува непознатите звуци во својата куќа, една јулска ноќ во Тексас, во 1989 година, семејниот човек Ричард Дејн (го игра Хол) го убива крадецот Фреди (го игра Расел). Локалните полицајци се рамнодушни за овој инцидент, задоволни што е „трггнат“ уште еден престапник. Во градот го сметаат за херој, но тој е исплашен за сигурноста на своето семејство, бидејќи во градот пристигнува татко му на Фреди Расел, Бен (го игра Шепард), кој е поранешен затвореник и гладен за одмазда. Наскоро, Ричард дознава дека е учесник во една опасна голема игра.[1][2] [3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Антена, број 862, 2.1.2015, стр. 14.
  2. Антена, број 868, 13.2.2015, стр. 15.
  3. „Студено во јули“, Антена, број 887, 26.6.2015, стр. 14.