Стојан Миливоески

Од Википедија — слободната енциклопедија

Стојан Миливоески - Мргето (10 август 1924 во Прилеп10 февруари 1944 во Велешко) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Бил ученик во гимназијата. За член на СКОЈ бил примен во 1943 година. Како активист бил фатен и затворен од бугарската полиција. По излегувањето од затвор, на 3 февруари 1944 година се приклучил кон Народноослободителната војска на Македонија. Бил борец во состав на Првата Македонско-косовска бригада.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Б. Најдоски, м-р Јован (1984). Институт за тутун - Прилеп - 60 годишен јубилеј. Прилеп: Институт за тутун - Прилеп. стр. 15.