Стојан Миленковски
Изглед
Стојан Стевков Миленковски (? во Чучер, Скопско — 1944 во Качаничка Клисура, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1][2]
Животопис
[уреди | уреди извор]Произлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. Во септември 1944 година, силни балистички сили навлегле во неговото село и го ограбиле.[1] По формирањето на Шеснаесеттата македонска ударна бриrада, стапил во нејзините редови. Неговото село бил меѓу првите, што биле ослободени од бригадата. Учествувал во бројните борби против балистите и Германците во Качаничката Клисура. Во една борба против балистите, загинал во месноста Глушја Каменица. Бил закопан на селските гробишта во родното село.[1][2]