Стеван Ацевски - Стевче

Од Википедија — слободната енциклопедија

Стеван Ацевски - Стевче (Скопје, 21 август 1943) — македонски филмски работник[1].

Студирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград на класата за организација.

Од 1965 година работи за продукцијата на „Вардар филм“. Во осумдесеттите години работи за продукцијата на „Авала филм“ - Белград, како продакшн-менаџер во копродукциите со италијански и американски партнери. Истовремено соработува и со играната (драмска) програма на Телевизија Скопје („Табакерата“ - директор на филм).

По осамостојувањето на Македонија до денес, Ацевски повторно работи во „Вардар филм“, при што во еден период, 1998/99, е в.д. директор, а моментално е во пензија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Ацевски Стеван - Стевче“. МИФЦ. Архивирано од изворникот на 2008-04-10. Посетено на 2010-10-17.