Стар град Самобор
Стар град Самобор | |
---|---|
Stari grad Samobor | |
Самобор, Хрватска | |
Тип | готски замок |
Координати | 45°48′N 15°43′E / 45.80° СГШ; 15.72° ИГД |
Изграден | меѓу 1260 и 1264 година |
Градежни материјали |
камен |
Во употреба | 13-18 век |
Урнат | 19 век |
Тековна состојба |
во руини |
Тековен сопственик |
Општина Самобор |
Отворен за јавноста |
од 19 век |
Стариот град Самобор е руинирана тврдина на врвот на ридот Тепец во Самобор, Хрватска. Се наоѓа на 10-минутно пешачење од центарот на градот. Остатоците од стариот ров на тврдината сѐ уште се видливи, како и главниот влез и поголемиот дел од ѕидините.
Историја
[уреди | уреди извор]Тврдината била изградена на еден рид над крстосницата на тогашните важни патишта во северозападниот дел од долината на Сава, над средновековниот град Самобор. Таа била подигната од приврзаниците на чешкиот крал Отакар II, помеѓу 1260 и 1264 година, кој тогаш бил во војна со унгарскиот крал Стефан V.[1][2] Хрватско-унгарските сили под команда на кнезот од Окиќ наскоро ја освоиле, поради што му била доделена на градот Самобор, како и привилегијата да ги собира локалните даноци.
Утврдувањето првично било камена тврдина изградена на цврста карпа - со неправилна и вдлабната градба, која се состоела од три дела, од кои централното јадро го претставувал најстариот дел од тврдината. Во југоисточниот дел на јадрото се наоѓала висока кула (денес во урнатини), која е единствениот преостанат оригинален дел од тврдината на Отакар. Непосредно до кулата се наоѓа полукружна кула со мала готска капела на Св. Ана, која се проценува дека била изградена во третата деценија од 16 век.[2]
Во третата деценија од 16 век, започнало преобликување на тврдината, кое било направено со постепено проширување на јадрото кон север. На тој начин, утврдувањето станало издолжен трапезоиден двор опкружен со силни одбранбени ѕидини и со пентагонална кула на нејзините краеви. Во текот на 17 и 18 век, тврдината била надградувана и реконструирана. Последната зграда во внатрешноста на тврдината била трокатна куќа на јужната страна, која заедно со горните делови на тврдината формира двор. Нејзините фасади се поделени со тремови украсени со тоскански редови. Овој потег ја трансформирал тврдината, од нејзината првобитна функција на тврдина, во замок со барокен стил. Последните жители го напуштиле замокот при крајот на 18 век, што предизвикало негово постепено рушење за да ја добие денешната форма.
Владетели и сопственици
[уреди | уреди извор]Првите познати сопственици на тврдината биле семејството Бабониќ, по кои таа станала сопственост на унгарско-хрватските кралеви. Во тек на 15 век, таа станала сопственост на грофови на цељските грофови. На почетокот на 16 век, таа припаднала на феудалното семејство Франкопан. Потоа, тврдината променила многу сопственици; грофовите Тржац, Тахи, Ауерсперг, Кипах.[3] Последните сопственици на замокот, кои всушност живееле во него, биле грофовите на Ердеди-Кулмер. Општинската влада на Самобор одлучи да ја купи тврдината од својот претходен сопственик - семејството Монтекуколи, во 1902 година. Оттогаш, замокот со околината служи како локално место за излети.
Реставрација
[уреди | уреди извор]Денес, Стариот град Самобор е само живописна рушевина над потокот Вугришчак во центарот на градот Самобор.[2] Иако постои проект за реставрација на тврдини, досега се реновирани само ѕидовите на капелата. Во нивно реставрирање биле користени камења од руинираните делови на тврдината, цемент и гасена вар.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Веројатен изглед на Стариот град Самобор од крајот на 18 век (3D реконструкција)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Stari grad Samobor - Samobor“. www.samobor.hr (англиски). Посетено на 2018-05-31.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Stari grad Samobor“. Посетено на 2018-05-31.
- ↑ „Turistički klaster po Sutli i Žumberku | Klaster | Objekti | Stari grad Samobor“. www.sutla-zumberak.hr. Посетено на 2018-05-31.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Туристички одбор на Загребската жупанија (хрватски)