Стара зграда на Бугарскиот конзулат во Битола

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стара зграда на Бугарскиот конзулат
Општи податоци
Типдвокатна зграда
Стилнеокласична архитектура
ГрадБитола, Општина Битола
ЗемјаМакедонија
Координати41°1′46.90″N 21°19′56.20″E / 41.0296944° СГШ; 21.3322778° ИГД / 41.0296944; 21.3322778

Зграда на Бугарскиот конзулат — архитектонска знаменитост во градот Битола. Се наоѓа на улица „Јорго Османо“ бр.20, на раскрсницата со улица „Славко Лумбарко“.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Изградена била во почетокот на дваесеттиот век и до 1915 година во неа бил сместен Бугарскиот конзулат во градот.[1]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Зградата е типичен претставник на еклектичката архитектура од почетокот на дваесеттиот век. Влијанија на неокласичната архитектура има во поделбата на фасадата, распоредувањето на отворите и профилирањето околу нив.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Миновски, Никола (2002). „Бугарски конзулат – Конзулска Битола“. НУ Завод и музеј. Посетено на 30 октомври 2021.