Споменик на слободата (Рига)
Изглед
Споменик на слободата Brīvības piemineklis | |
---|---|
Рига | |
Координати | 56°57′5″N 24°6′47″E / 56.95139°N 24.11306°E во Рига, Латвија |
Споменик на слободата – споменик во Рига кој е симбол на независноста и слободата на латвискиот народ. Го изработиле Карлис Зале и Ернестс Шталбергс. Свечено е отворен на 18 ноември 1935 година на годишнината од независноста на Латвија во 1918 година. Парите се обезбедени од донации на месните жители. На предниот дел е запишано Tēvzemei un Brīvībai што значи „За татковината и слободата“.
Споменикот е изработен од светлосив гранит, додека самата статуа е изработена од бронза во Шведска. За време на советската окупација било строго забрането собирање околу споменикот и полагање на цвеќе. По враќањето на независноста, повторно е воспоставена почесна гарда.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Споменик на слободата (Рига)“ на Ризницата ? |