Специјални права за влечење

Од Википедија — слободната енциклопедија

Специјални права за влечење — композитна валута, составена од неколку валути. Тие биле создадени во 1970 година од Меѓународниот монетарен фонд.

Историја[уреди | уреди извор]

Специјалните права за влечење биле создадени во 1970 година со цел да се намали притисокот врз доларот како резервна валута во рамките на Бретонвудскиот систем. Тогаш, Меѓународниот монетарен фонд создал кошничка од главните светски валути и на земјите-членки им доделил определен износ на специјални права за влечење кои тие можеле да ги употребат во меѓусебните плаќања и во плаќањата кон Меѓународниот монетарен фонд. На почетокот, специјалните права за влечење биле составени како пондериран просек од 16 валути, т.е. од валутите на земјите чие учество во светскиот извоз надминувал 1 %. Меѓутоа, во 1981 година, составот на специјалните права за влечење бил поедноставен, односно тие биле составени од пет валути: американскиот долар, британската фунта, јапонскиот јен, германската марка и францускиот франк. Притоа, пондерите, односно учеството на секоја валута во кошничката, периодичено биле менувани во согласност со промените во учеството на овие валути во меѓународната трговија.[1]

Состав на специјалните права за влешење, 1981-2000[2]
Валута 1981-1985 1986-1990 1991-2000
Американски долар 42 % 42 % 40 %
Германска марка 19 % 19 % 21 %
Јапонски јен 13 % 15 % 17 %
Британска фунта 13 % 12 % 11 %
Француски франк 13 % 12 % 11 %

Одлики[уреди | уреди извор]

Специјалните права за влечење се употребуваат како резервна валута, т.е. тие се дел од девизните резерви на земјите, но се користат и како валута во која се деноминирани меѓународните трансакции. Бидејќи специјалните права за влечење се кошничка од неколку валути, нивната вредност е постабилна од секоја поединечна валута која влегува во нивниот состав.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Cheol S. Eun and Bruce G. Resnick, International Financial Management. Boston etc.: Irwin/McGraw-Hill, 1998, стр. 38-39.
  2. Cheol S. Eun and Bruce G. Resnick, International Financial Management. Boston etc.: Irwin/McGraw-Hill, 1998, стр. 39.
  3. Cheol S. Eun and Bruce G. Resnick, International Financial Management. Boston etc.: Irwin/McGraw-Hill, 1998, стр. 38.