Акватичко потекло на човекот: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот менува: cite book -> цитирана книга, cite journal -> цитирано списание |
с Бот Додава: sv:Vattenapa |
||
Ред 37: | Ред 37: | ||
[[pt:Teoria do macaco aquático]] |
[[pt:Teoria do macaco aquático]] |
||
[[sk:Teória vodnej opice]] |
[[sk:Teória vodnej opice]] |
||
[[sv:Vattenapa]] |
|||
[[uk:Акватична теорія]] |
[[uk:Акватична теорія]] |
Преработка од 13:35, 2 декември 2009
Хипотезата за акватичкото потекло на човекот, понекогаш наречена и акватичка теорија, е теорија за еволуцијата на човекот, која вели дека телото на хоминидите е резултат на период кој тие го минале живеејќи во вода. Теоријата потекнува од античка Грција, но првпат е публикувана со научни објаснувања во 1942 година. Акватичката теорија за потеклото на човекот е дискутирана од страна на етнологот Дезмонд Морис во неговата книга од 1960 година Гол човек.
Хипотези
Според оваа теорија:
- Малку копнени цицачи можат да се мерат со човекот во пливање под вода, а и тие пливаат „кучешки“, за разлика од елегантното пливање на луѓето.[1]
- Човечкото бебе е способно да плива веќе после неколку недели живот, а при тоа е способнo да го прилагоди дишењето под вода.
- Кожата без влакна е карактеристична само за цицачите пливачи (делфини, китови) и за полуводените видови (нилски коњ, на пример).[2]
- Правецот во кој растат влакната кај човекот се разликуваат од оние кај човеколиките мајмуни. Влакната кај човекот растат „низводно“, т.е. даваат најмал отпор на водената струја.[3]
- Голото човечко тело има форма на добро конструиран чамец.
- Од сите цицачи само човекот има сало под кожата, што е типично за водените цицачи, но не и за копнените.[4][5]
- Човекот е суштество што зборува, а тоа се смета за „пренагласено дишење“, а да нуркате, значи да владеете со дишењето.[3][6]
- Човекот има мембрана меѓу прстите од нозете, како и меѓу показалецот и палецот на рацете, што се остатоци од пераи.
- За разлика од другите мајмуни, носот на човекот е под агол од 90 степени свртен надолу, идеално за нуркање.[3]
- Човекот плаче, исто како морските цицачи, кои преку солзите се ослободуваат од вишокот сол.
Референци
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |