Разлика помеѓу преработките на „C (програмски јазик)“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
с
Бот: Поправа пренасочувања
с (Bot: Migrating 1 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q15777 (translate me))
с (Бот: Поправа пренасочувања)
| implementations = [[Clang]], [[GNU Compiler Collection|GCC]], [[Intel C++ Compiler|Intel C]], [[MSVC]], [[Pelles C]], [[Watcom C compiler|Watcom C]]
| influenced_by = [[B (programming language)|B]] ([[BCPL]], [[Combined Programming Language|CPL]]), [[ALGOL 68]],<ref name="dottcl">{{cite web |url=http://cm.bell-labs.com/cm/cs/who/dmr/chist.html |title=The Development of the C Language|quote=The scheme of type composition adopted by C owes considerable debt to Algol 68, although it did not, perhaps, emerge in a form that Algol's adherents would approve of. |author=Dennis M. Ritchie|year=1993 |month=јануари |accessdate=1 јануари 2008}}</ref> [[Assembly language|Assembly]], [[PL/I]], [[FORTRAN]]
| influenced = [[AMPL]], [[AWK]], [[C shell|csh]], [[C++]], [[C--]], [[C Sharp (programming language)|C#]], [[Objective-C]], [[BitC]], [[D (programming language)|D]], [[Go (programming language)|Go]], [[Java (programmingпрограмски languageјазик)|Java]], [[JavaScript]], [[Limbo (programming language)|Limbo]], [[LPC (programming language)|LPC]], [[Perl]], [[PHP]], [[Pike (programming language)|Pike]], [[Processing (programming language)|Processing]], [[Seed7]]
}}
'''Програмскиот јазик Ц (C)''' е релативно нов програмски јазик. Тој е програмски јазик кој ги одбележа осумдесеттите и деведесеттите години на минатиот век. Ц е најраширен програмски јазик на светот. Тој е едноставен и елегантен програмски јазик кој ја пополнува празнината меѓу вишите програмски јазици и асемблерите (assembler) бидејќи ги комбинира особеностите на вишите програмски јазици со функционалноста на асемблерите. Поради тоа Ц можеме да го наречеме јазик што ги обединува својствата и на вишите програмски јазици и на асемблерите.
 
За творец на овој програмски јазик се смета [[Денис Ричи]] (Dennis Ritchie) од Bell-овите лабаратории на АТ&Т. Тој заедно со [[Кен Нортон]] (Ken Northon) работел на дизајнирање на првичните верзии на оперативниот систем [[ЈУНИКС]] (UNIX) и го имплементира на PDP 11. Во 1978 година [[Брајан Кернихан]] (Brian Kernighan) и Денис Ричи ја издале првата книга за програмскиот јазик Ц. Оваа книга служела како [[прирачно дело|референтна книга]] за јазикот се до појавата на првиот [[ANSI]] стандард за Ц, десетина години подоцна.
 
Генеологијата на програмскиот јазик Ц е следнава. Како и за сите други структуирани програмски јазици, така и за програмскиот јазик Ц може да се каже дека негов најдалечен предок е програмскиот јазик ALGOL 60. ALGOL-от 60, како што кажува и неговото име, бил развиен во 1960 година од страна на повеќе национални групи. Тој настанал само неколку години по програмскиот јазик FORTRAN. При создавањето на овој јазик било посветено големо внимание на неговата синтакса, модуларната структура и многу други нешта за кои денес се смета дека се современи и полезни. За жал, овој програмски јазик не бил никогаш општо прифатен од програмерите, веројатно поради неговата преголема генералност, апстрактност и опширност.
 
== Карактеристики ==
Преносливоста на Ц, за која многу се зборува, е реалност на ниво на пренос на програми што инаку би се пренесувале како асемблерски програми. За апликативни програми преносливоста на јазиците, како што се [[Паскал (појаснување)|Паскал]] (Pascal) и FORTRAN е поголема поради големиот степен на нивната стандардизација. <ref>[[http://catb.org/esr/writings/taoup/html/ch04s02.html Компактност на C и Python; "Among general-purpose programming languages, C and Python are semi-compact;"]]</ref>
 
Јазикот Ц ја поседува компактноста карактеристична за програмските јазици конструирани од еден човек. Такви програмски јазици се веќе споменатите B и BCPL и програмските јазици како [[Паскал (појаснување)|Паскал]], Lisp, APL и други. За разлика од нив програмските јазици што се конструирани од страна на тимови со повеќе автори како што се PL/1, ADA, ALGOL 60 и други, не се компактни и често пати се пресложени.
Ц е програмски јазик за општа намена и со него можат да се пишуваат најразлични видови програми. Сепак, може да се каже дека неговите можности најмногу доаѓаат до израз при пишување на системски софтвер, што и била неговата првенствена намена, а и специјалноста на неговиот творец.
 

Прегледник