Спастична церебрална парализа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Спастична церебрална парализа
Spastic Hand.jpg
Спастична дланка(хемиплегија)
Класификација и надворешни извори
МКБ-10G80
МКБ-9343

Спастична церебрална парализа — тип на церебрална парализа каде спазмите се главно оштетување ко е присутно. Самиот термин ги опфаќа спастична хемиплегија, спастична диплегија, спастична квадриплегија и спастична моноплегија, каде што е зафатен само еден екстремитет или на еден одреден дел од телото. Спастичната церебрална парализа го зафаќа церебралниот кортекс[1] и е најчестиот тип на церебрална парализа.

Здружението за церебрална парализа во Европа (SCPE) проценува дека спастичниот тип на церебрална парализа се јавува дури 90% од сите случаи, додека според конзервативни научни проценки преваленцата на спастично-доминантна или само-спастична церебрална парализа е од 70-80% од сите случаи, а 20-30% му припаѓаат на атаксична церебрална парализа, дискинетична церебрална парализа и атетоидна церебрална парализа.[се бара извор]

Презентација[уреди | уреди извор]

Невронски патишта (каде лезијата се случува)

Луѓето со спастичен тип на церебрална парализа се хипертонични, односно кај нив се присутни симптоми на вкочанети и затегнати мускулни групи, многу повеќе отколку кај обичен човек и имаат невромускулните оштетување на мобилноста (наместо хипотонија или парализа) кое произлегува од лезија на горниот моторен неврон во мозокот. На кортикоспиналниот тракт или на моторниот кортекс може да бидат секундарно погодени.

Спастичните мускули континуирано се контрактираат, или се „затегнати“, бидејќи соодветните нерви трајно пуштаат сигнали, повеќе од колку што треба за затегнување. Ова е предизвикано од нивната неможност соодветно да ги апсорбира ГАБА, или гама амино бутерна киселина. Затегнувањто, во прилог на ограничување на движење, исто така делува како огромна спротивната сила на соседните мускулите и зглобовите, при што доаѓа до деформирање на целиот скелет, во споредба со нормалениот скелет, коски и зглобови кај луѓе без спастицитет. Абнормално држење на телото е обично поврзани со мускулите кои се спротиставуваат на гравитационата сила, односно екстензорите во ногата и флексорите во рака. Поради деформитетите на зглобовите, со текот на времето, може да настанат и зглобни контрактури, или „фиксна контрактури“.[2]

Заедно со промените во спастицитетот и држења на телото, можат да се случат и други активности во мозокот, како што се возбуда, страв или анксиозност, па дури и болка, која што ја зголемува напнатоста во мускулите.

Кај лицата со спастична церебрална парализа, покрај зголемениот тонус на мускулите, често се прикажуваат и перзистентни примитивни рефлекси, зголемени миотатични рефлекси, плантарен рефлекс, и клонус на глуждот.[3]

Една третина од лицата со церебрална парализа имаат епилептични напади, кои се најчести во спастичната церебрална парализа.[4]

Дијагноза[уреди | уреди извор]

Протеини GAD1

Видови[уреди | уреди извор]

Научни класификации[уреди | уреди извор]

Во некои случаи, спастична церебрална парализа е предизвикана од генетски фактори.[5] На генетските фактори за спастична церебрална парализа се вклучуваат:

Тип OMIM Ген Локус
CPSQ1 603513 GAD1 2q31
CPSQ2 612900 ANKRD15 9p24.3
CPSQ3 612936 AP4M1 7q22.1

Иако спастичната церебрална парализа има свои корени во мозочна повреда, во голема мера може да се помисли како на збир на ортопедски и невромускулните проблеми, поради симптомите кои се јавуваат во текот на животниот век на лицето.

Кај Спастична хемиплегија е зафатена една страна. Повредата на нервите од левата страна би предизвикале десни попречувања на телото, и обратно.

Кај Спастична диплегија зафатени се долните екстремитети, а горниот дел од телото е најчесто без спасицитет. Најмногу од случаите (дури 70–80%), се целосно имобилирани. Кај спастична моноплегија зафатен е еден екстремитет. Кај спастична триплегија зафатени се три екстремитети.

Кај спастична квадриплегија зафатени се четирите екстремитети, целосно или не целосно. Луѓето со спастична квадриплегија се најчесто целосно имобилирани.

Третман[уреди | уреди извор]

Баклофен

Физикална терапија и окупациона терапија, преку методите за истегнување, зајакнување, функционални задачи, и/или целна физичка активност и вежбање се обично главни начини да биде добро-управувана спастичната церебрална парализа. Доколку спастицитетот е премногу голем за личноста да се справи, може да се користат други лекови како што се различни антиспазмотични лекови, ботулинум токсинот, баклофен, како и неврохируршки операции, односно селективен грбната ризотомија (која го елиминира спастицитетот со елиминирање на нерви предизвикување).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. James, Susan R.; Nelson, Kristine; Ashwill, Jean (2013) (на en). Nursing Care of Children: Principles and Practice. Elsevier Health Sciences. стр. 747. ISBN 9780323293457. https://books.google.com/books?id=AER1BAAAQBAJ&pg=PA747&dq=spastic+cerebral+palsy+is+characterized+by&hl=en&sa=X&ved=0ahUKEwiFy7XhkcTRAhUIJCYKHcqaDsUQ6AEIPjAC#v=onepage&q=spastic%20cerebral%20palsy%20is%20characterized%20by&f=false. посет. 15 јануари 2017 г. 
  2. Agarwal, Anil; Verma, Indreshwar (декември 2012 г). Cerebral palsy in children: An overview. „Journal of Clinical Orthopaedics and Trauma“ том  3 (2): 77–81. doi:10.1016/j.jcot.2012.09.001. PMID 26403442. 
  3. Sobralske, Mary C. (2013). „Common Physical or Sensory Disabilities“. Eddy, Linda L.. Caring for children with special healthcare needs and their families a handbook for healthcare professionals. Ames, Iowa: Wiley-Blackwell. стр. 13. ISBN 9781118783290. 
  4. Shaikh, SafiyaImtiaz; Hegade, Ganapati (2017 г). Role of anesthesiologist in the management of a child with cerebral palsy. „Anesthesia: Essays and Researches“ том  11 (3): 544. doi:10.4103/0259-1162.194569. PMID 28928544. 
  5. "OMIM Entry - # 603513 - CEREBRAL PALSY, SPASTIC QUADRIPLEGIC, 1; CPSQ1". конс. 16 January 2017.