Сојуз на мирот

Од Википедија — слободната енциклопедија

Сојуз на мирот (латински: foedus pacificum) ― израз измислен од Имануел Кант во неговото дело „Вечен мир: Филозофски нацрт“. Сојузот на мирот треба да се разликува од мировниот договор (pactum pacis), бидејќи мировниот договор спречува или прекинува само една војна, додека сојузот на мирот се спрема да стави крај на сите војни засекогаш. Овој сојуз не поседува никаква моќ на државата, туку постои само за „одржувањето и безбедноста на слободата на државата и на другите држави во сојуз со неа, без да има потреба тие да се предадат на граѓанските закони и нивната принуда, бидејќи луѓето во природната состојба мора да се покорат“.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Immanuel Kant Perpetual Peace: A Philosophical Sketch 1795“. Архивирано од изворникот на 2008-05-14. Посетено на 11 август 2022.