Сојузни држави на Нигерија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Нигерија се дели на 36 сојузни држави и федералната престолнинска територија Абуџа. Државите потоа се делат на 774 месни управни подрачја.[1]

Пред и по стекнувањето на независноста во 1960 г, Нигерија била федерација сочинета од три региони: Северен, Западен и Источен. Во колонијално време постоеле и покраини. Во 1963 г, од Западниот регион се одземени две покраини, кои потоа го образувале новиот Среднозападен регион. Во 1967 г, регионите се поделени и заменети со 12 сојузни држави. При поделбата, целовиден останал само Среднозападниот регион и добил статус на држава. Од 1967 до 1970 г. Среднозападниот и Источниот регион се направиле обид за отцепување од земјата и осамостојување под името Бијафра. Во 1976 г. се создадени уште седум држави, накачувајќи го бројот на 19;[2] Во 1991 г. е основана Федералната престолнинска територија (денес наречена Абуџа). Во 1987 се воведени две нови држави, а во 1991 г. следувале уште девет, сочинувајќи вкупно 30.[2] Со последната измена во 1996 г. земјата ги добила конечните 36 држави.

Список на сојузни држави[уреди | уреди извор]

Карта на сојузните држави и престолнинската територија на Нигерија

Сојузни држави:

Федерална престолнинска територија: Абуџа

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Административни единици на Нигерија - Мисија на УСАИД во Нигерија (октомври 2004), пров. на 21 април 2010 (англиски)
  2. 2,0 2,1 Kraxberger, Brennan (2005) "Strangers, Indigenes and Settlers: Contested Geographies of Citizenship in Nigeria" Space and Polity 9(1): стр. 9-27, стр 10, 11, 15
  • Ajayi, Gboyega (2007) The military and the Nigerian state, 1966-1993: a study of the strategies of political power control Africa World Press, Trenton New Jersey, ISBN 1-59221-568-8
  • Benjamin, Solomon Akhere (1999) The 1996 state and local government reorganizations in Nigeria Nigerian Institute of Social and Economic Research, Ibadan, Nigeria, ISBN 978-181-238-9
  • Suberu, Rotimi T. (1994) 1991 state and local government reorganizations in Nigeria Institute of African Studies, University of Ibadan, Ibadan, Nigeria, ISBN 978-2015-28-8

Надворешни врски[уреди | уреди извор]