Сопарник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сопарник

Сопарник е пита од блитва, и е специјалитет од далматинска Пољица (источно од Сплит). Ова јадење потекнува од турскиот период. Во основа е едноставно јадење, кое се состои од малку блитва, млад лук и магдонос, меѓу два слоја на едноставно подготвено тесто.

Подготовка[уреди | уреди извор]

Блитвата се чисти така да останат само зелените делови од листот. Се мие и се брише за да биде сува, а потоа се сече на ленти. Ѝ се додава исецкано младо лукче и исецкан магдонос, се посолува и прелива со маслиново масло.

Тестото се меси од брашно, малку сол и две лажици маслиново масло и се додава вода по потреба за да се замеси тесто. Тоа се дели на два еднакви дела и се остава на страна да отстои.

Потоа тестото се развлекува во круг полека додека не се добие тенка кора, која се префрла во соодветно тавче и од горе се става смесата од блитва и лук, и се покрива со втората кора, развлечена на истиот начин како и првата. Двете кори по ивицата од тавчето се спојуваат со виткање на горната кора под долната, горната кора се боцка со виљушка за да излезе пареата.

Се пече околу 20 минути на 200 °C. Традицијата во Пољица е питата да се пече изворно под вршник. Се пече додека не порумени од горе. Кога ќе се извади, се премачкува уште еднаш со маслиново масло во кое е додаден истолчен лук.

Откако сопарникот (пољички зелник/пољички масленик) бил ставен на списокот на заштитени културни богатства на Хрватска, Пољачаните најавиле заштита на ова свое јадење и на ниво на ЕУ, со уште неколку автохтони јадења, специфични за овој крај, како што е младо јарешко.[1] На 5 мај 2016 година Европската комисија го одобрила внесувањето на овој хрватски производ во регистерот на заштитените примероци со географско потекло.[2]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Poljički soparnik ćemo zaštiti na nivou EU | Uz gangu i bukaru CISTA VELIKA“. uz-gangu-i-bukaru.com (хрватски). Посетено на 18 мај 2018.
  2. „Komisija prihvatila poljički soparnik kao novii hrvatski zaštićeni proizvod“ (хрватски). Посетено на 18 мај 2018.