Вршник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Печење под вршник

Вршник или сач – капак со сферен облик под кој на огниште, во црепна или тепсија, се пече леб, зелник, месо и слично. Вршникот најчесто е метален,[1] но може да биде и земјен или керамички. Јадењата подготвени под вршник се етнички специјалитети како во Македонија, така и пошироко на Балканскиот Полуостров.

Печење под вршник[уреди | уреди извор]

Во отворено огниште се поставува пирустија, се разгорува оган, и се поставува црепната со храна. Потоа над неа се поставува вршникот и врз него тура жар. Огнот и жарта се одржуваат постојани во текот на потребното време на печење. Откога печењето на храната ќе заврши, се турка пепелта и жарта од вршникот, се крева со маша, и се вади печеното од црепната.

Традиционални јадења под вршник[уреди | уреди извор]

Ѓомлезе

Додека во минатото под вршник најмногу се печел леб, денес овој начин се користи за одредени традиционални јадења и специјалитети како што се зелник, мазник, ѓомлезе и месо.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Чаусидис, Н.; Николов, Г. (2006). „Црепна и вршник. Митолошко-семиотичка анализа“ (PDF) (македонски). конс. 23 октомври 2015.