Сончев часовник (Битола)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сончевиот часовник на Широк Сокак

Сончев часовник во Битоласончев часовник на централниот плоштад Гоце Делчев во Битола.

Проектот за изработка на сончевиот часовник бил дел од реконструкцијата на Широк Сокак на кој преовладуваат градби од почетокот на 20 век.[1]

Изработка[уреди | уреди извор]

Сончевиот часовник бил дизајниран во 2003 година, а на почетокот на 2004 година бил и изработен. Иницијативата за сончевиот часовник била на архитектот Константин Анастасов, а во реализацијата учествувале и Љупчо Долевски и Никола Димитровски професори по географија, Славе Кирковски - уметник конзерватор, Александар Шулевски - аматер астроном и учениците Христо Трајковски и Борис Анастасов.

Опис[уреди | уреди извор]

Сончевиот часовник е од вертикален тип, со тоа што ѕидот е завртен кон исток за агол малку помал од 10 степени. Димензиите се помалку невообичаени – 12 на 5 метри, но во целина, часовникот одлично е вклопен во околината.[1]

Зимското сметање на времето го прикажуваат арапските броеви, а римските – летното сметање на времето. Со јасно означена и видлива подебела линија се одделува времето за рамнодневница со што е обезбедена целата содржина на сончевиот часовник. На сончевиот часовник има апликација на вселенски симбол комета и апликација на симбол вселена како асоцијација на вкупната поврзаност со целата вселена. На него се испишани три пораки: Panta Rei (Сè тече), Dictum Factum (Речено сторено) и Coram Populo (Пред народот јавно).[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Сончевиот часовник во Битола“. Бабам Битола. 09.07.2016. Посетено на 1 февруари 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. „ПРИКАЗНАТА ЗА СОНЧЕВИОТ ЧАСОВНИК ОД ХЕРАКЛЕЈА ВО ФОКУСОТ НА НОВАТА КНИГА НА МАРЈАН ТАНУШЕВСКИ ЗА ИСТОРИЈАТА НА БИТОЛА“. СДК. 23.06.2021. Посетено на 1 февруари 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)