Плоштад Гоце Делчев (Битола)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Плоштадот „Гоце Делчев“ пред Домот на културата
Споменик на Милтон Манаки на плоштадот „Гоце Делчев“

Плоштад „Гоце Делчев“ — плоштад во Битола, сместен во централниот дел на Широк Сокак, битолскиот Дом на култура, поранешното кино Македонија и наспроти хотелот Епинал. Околу плоштадот има стари куќи од македонската архитектура и османската архитектура кои се под наем од неколку компании, фирми и кафе барови. Веднаш до плоштадот се наоѓа цветен парк како и статуа на Милтон Манаки.

Плоштадот се користи за одржување на културни манифестации, политички митинзи, концерти, како и палење на традиционалниот Коледарски оган.