Соломон Алаби

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Соломон Алаби
Solomon Alabi.jpg
број 21 – Тојотсу Фајтинг Иглс
Центар
Лични информации
Роден на21 март 1988 (1988-03-21) (32 г.)
Кадуна, Нигерија
НационалностНигериец
Височина7 ст 1 ин (2.16 м)
Тежина250 lb (113 kg)
Информации за кариера
Средно училиштеМонтверди (Флорида)
КолеџФлорида Стејт (2007–2010)
НБА драфт2010 / Круг: 2 / Избор: 50-ти вкупно
Одбран од Далас Маверикс
Професионална кариера2010–сѐ уште
ЛигаЈапонско првенство
Историја на кариера
2010–2012Торонто Репторс
2010–2011→Ири Бејхокс
2012→Баскерфилд Џем
2012–2013Ајдахо Стемпед
2013Икарос Калитеас
2013–2014Јилон Дионс
2015Барако Бул Енерџи
2016–сѐ уштеТојотсу Фајтинг Иглс

Соломон Макфан Алаби (21 март 1988 во Кадуна) — нигериски професионален кошаркар кој две сезони настапувал за екипата на Торонто Репторс во НБА. Алаби почнал да тренира кошарка на 15 години, а пред тоа играл фудбал.[1] Бил одбран од Далас Маверикс како 50. избор на драфтот во 2010 година, и веднаш бил разменет во екипата на Торонто.[2]

За време на неговиот престој во Торонто (2010–2012), Алаби често настапувал на натпреварите од развојната лига на НБА, а во НБА одиграл само 26 наптревари во две сезони со скромна минутажа. Во октомври 2012 Алаби потпишал за Њу Орлеанс Хорнетс, но договорот му бил раскинат на крајот од месецот.[3] Во март 2013 потпишал за грчката екипа Икарос Калитеас, а од 2016 игра за Тојотсу Фајтинг Иглс во јапонското првенство.

НБА статистика[уреди | уреди извор]

Легенда
  ОН Одиграно натпревари   СН  Натпревари како стартер  МПН  Минути по натпревари
 ПШИ%  Процент на шут од игра  3П%  Процент на шут за три поени  СФ%  Процент на шут за слободни фрлања
 СкПН  Скокови по натпревар  AсПН  Асистенции по натпревар  УТПН  Украдени топки по натпревар
 БлПН  Блокади по натпревар  ППН  Поени по натпревар  Задебелено  Најдобро во кариерата

Регуларен дел[уреди | уреди извор]

Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
2010–11 Торонто 12 0 4.9 .200 .000 .000 1.2 .2 .2 .2 .5
2011–12 Торонто 14 0 8.7 .361 .000 .875 3.4 .2 .1 .6 2.4
Просек 26 0 7.0 .314 .000 .700 2.3 .2 .2 .4 1.5

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Player Bio: Solomon Alabi". Seminoles.com. Посетено на 2010-06-11.
  2. Raptors Get 50th Overall Pick Alabi From Mavs
  3. Hornets Waive Alabi, Wright

Надворешни врски[уреди | уреди извор]