Собор на сите македонски Светители

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Собор на сите македонски Светители
Собор на сите македонски Светители
Фреска на Светите седмочисленици во манастирот "Св. Наум" крај Охрид, кои се дел од многуте Македонски светии
Го празнува(ат)Македонија
Видхристијански
ЗначењеДен на сите Светии кои водат потекло од Македонија
ДатумПрва недела во Октомври
Обичаилитургии

Собор на сите македонски Светители — голем македонски христијански празник, на кој се слави споменот на сите македонски светители. Иако тие си имаат и свои посебни празници, (по еден или повеќе), овој ден е одреден за заедничко сеќавање на сите македонски светители кои во изминатите два милениума на најразлични начини придонесле за афирмацијата на христијанството на овие простори, но и многу пошироко. Се слави првата недела во Октомври, односно 18 недели по Педесетницата.[1]

Житие[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Список на македонски светци.

Овој ден е воведен за славење на сите Македонските светители кои се подвизувале на ист начин како и другите од христијанскиот свет. Со македонско потекло постојат некаде над 40 светци. Во Македонија, соборната црква во Битола која се гради и е најголема на Балканот се вика Црква „Собор на сите македонски Светители“. Исто и црквата во Тетово која треба да се изгради во новиот дел на градот го носо името на овој празник. Црквата во Лозана, Швајцарија исто е наречена Црква „Собор на сите македонски Светители“, како и таа во Окленд, Нов Зеланд.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]