Скакулци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Скакулци
Период: Доцен Перм - денес
Romalea microptera.
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Потколено: Hexapoda
Класа: Insecta
Ред: Orthoptera
Подред: Caelifera
Ander, 1939
Надфамилии

Скакулците (научно: подред Caelifera) се група инсекти од редот правокрилци. Како и со повеќето инсектски таксони, точниот број на видови не е познат, но досега се откриени и опишани околу 10 000 видови на скакулци.

Општи одлики[уреди]

Големината на телото на скакулците се движи меѓу 7 и 75 mm, додека видот Tropidacris cristata може да биде и до 120 mm долг и да достигне распон на крилата до 230 mm. Речиси сите скакулци се растенојади, и тоа најмногу се исхрануваат со тревести растенија. Малиот бодликав терорист (Tetrigoidea) се фокусирал најмногу на алги и мовови.

Како и штурците, скакулците поседуваат нозе за скокање, при што задните нозе претрпеле значителна измена и прилагодба за тоа. Поради ова, двете овие групи порано биле обединети во еден ред - Saltatoria. Меѓутоа, точните односи меѓу овие две групи сè уште не се јасни.

Други одлики на скакулците се познатите кратки антени, кои се разликуваат од тие на штурците. Поседуваат сложени очи и усни делови за џвакање и гризење. Особено е развиен првиот торакален сегмент. Предните крила на животното се тесни и зацврснати и ги препокриваат поголемите задни крила при одмарање. Задните крила може да се живописно сино или црвено обоени кај некои видови. Јајцата најчесто се закопуваат во почвата, при што женката ги полага со своите силни генитални боцки. Слушните органи на скакулците се наоѓаат по страните од првиот абдоменален сегмент.

Производство на звук[уреди]

Мнозинството од видовите на скакулци се тивки и за време на парењето даваат визуелни сигнали, како обоените задни нозе, антени или крила. Некои видови се способни да произведат звук, особено оние од фамилијата Gomphocerinae. Врз основа на овие "песни", лесно можат да се разликуваат различните видови. Звукот најчесто се добива со удирање на задните нозе или со помош на мандибулите (како кај Calliptamus italicus). Пеењето на машките е главно наменето за препознавање на партнерот.

Литература[уреди]