Прејди на содржината

Ситноцветна врбовка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ситноцветна врбовка
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
клад: Розиди
Ред: Миртовидни
Семејство: Ноќничиња
Род: Врбовка
Вид: Ситноцветна врбовка
Научен назив
Epilobium parviflorum
(Schreb.) Schreb.
Синоними

Chamaenerion parviflorum

Ситноцветната врбовка или ситноцветната млечика (науч. Epilobium parviflorum) — повеќегодишно тревно растение од семејството на ноќничињата (Onagraceae).

Цело растение

Биолошката форма на ситноцветната врбовка е хемикриптофитна скапоза[1], нејзините хибернатски пупки се наоѓаат веднаш под површината на почвата, а флоралната оска е повеќе или помалку исправена со неколку листа.

Ситноцветната врбовици просечно достигнува 30 до 80 сантиметри висина. Стеблото е исправено и густо покриено со влакненца, особено во долниот дел. Лисјата се еден наспроти друг, тесни и назабени, заоблени во основата, 4-10 сантиметри долги. Малите цветови се бледо розови или бледо виолетови, со пречник од 6-7 милиметри, со четири ливчиња, осум прашници и четирикрака чашка. Цветниот период е од јуни до август.[1] Хермафродитните цветови се самооплодуваат (автогамија) или од инсекти (ентомогамија).[2] Плодот е капсула долга три до седум сантиметри која содржи многу мало црно семе (долго околу 1 mm), со бели влакна кои овозможуваат ширење со ветрот. Овој вид е многу сличен со Epilobium hirsutism, но цветовите му се многу помали.[3]

Распространетост

[уреди | уреди извор]

Ова растение го има во најголемиот дел на Европа и во Западна Азија, како и во САД и Канада.[4] [5]

Животна средина (хабитат)

[уреди | уреди извор]

Ситноцветната врбовка претпочита бари и мочуришта, влажни планински ливади и падини, на надморски висини од 0 до 1.400 метри и максимални 2.500 метри.[1]

Медицински употреби

[уреди | уреди извор]

Заради антиоксидансните и антиинфламаторните својства, екстракти од ова растение се користи во традиционалната медицина при заболувања на простатата, мочниот меур и бубрезите.[6][7]

  1. 1 2 3 Pignatti S. - Flora d'Italia – Edagricole – 1982. Vol. II, pag. 155
  2. Pfaf.org
  3. Flora of Northern Ireland
  4. Plants.usda
  5. Schede di Botanica
  6. „Natures Method“. Архивирано од изворникот на 2011-09-25. Посетено на 2015-01-29.
  7. Hevesi BT, Houghton PJ, Habtemariam S, Kéry A. Antioxidant and antiinflammatory effect of Epilobium parviflorum Schreb