Синиот крст (филм од 1955)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Синиот крст (полски: Błękitny krzyż) - полски филм од 1955 година, во режија на Анджеј Мунк (Andrzej Munk), кој е коавтор на сценариото, заедно со Адам Либерак. Главните улоги ги играат: Станислав Вавритко, Лудвик Зјемблич, Јозеф Вавритко, Војчјех Сјемион, Елжбјета Полковска, итн. На Филмскиот фестивал во Венеција, Мунк добил награда за најнадежен млад автор.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Дејството на филмот се одвива во зимата 1944/1945 година, на Татрите, на границата меѓу Словачка и Полска. Неколку словачки и руски партизани, меѓу кои и неколку ранети, се завеани во една колиба високо во планините. Докторот Јурај (го игра Зјемблич) нема избор и мора да го оперира рускиот мајор Максим (го игра Сјемион), служејќи се со примитивни средства. Потоа, тој се префрла во едно село, од другата страна на планината, каде собира неколкумина селани, членови на спасувачкиот тим, наречен „Синиот крст“, со цел да ги извлече ранетите. Во суровите зимски услови, тие успеваат со тешка мака да се пробијат преку острите планински врвови, изложени на опасноста од лавини и од германската патрола. На патот кон селото, нив ги открива германската патрола, но тие успеваат да побегнат и да ги спасат ранетите.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]