Симон Поповски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Симон Поповски (1991, Битола) — македонски виолинист.

Животопис[уреди | уреди извор]

Поповски го започнал музичкото образование во основното музичко училиште во Битола, во класата на проф. Ванчо Стоилков. Потоа се запишал во средното музичко училиште во Битола каде повторно учел во класата на проф. Стоилков. Во 2009 година се запишал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Олег Кондратенко. Во текот на своето образование, тој посетувал и семинари кај повеќе професори, како: Џошуа Бел, Павел Верников, Сихана Бадиваку, Сузан Гилмор во летната школа „Интерлохен“ итн.[1]

Музичка кариера[уреди | уреди извор]

Поповски учествувал на повеќе музички натпревари на кои освоил бројни награди. Како солист, настапувал со Македонската филхармонија и со камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија, симфонискиот и камерниот оркестар на Факултетот за музичка уметност итн. Тој е член на „Македонскиот кларинет квинтет“ (во кој свири втора виолина), на оркестарот на Македонската филхармонија, во проектите на оркестарот на Македонското радио (Macedonian Radio Symphony Orchestra - Fames) и на гудачкиот квартет „Аксиос“.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Дирекција за култура и уметност - Скопје, Есенски музички свечености, Скопје, ноември 2014.
  2. Дирекција за култура и уметност - Скопје, Есенски музички свечености, Скопје, ноември 2014.