Прејди на содржината

Сикимски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сикимски јазик
дрнџоншки јазик
Lhokä
Застапен воСиким, Непал, Бутан
НародБутијанци
Говорници70,300  (2001)
Јазично семејство
Писмотибетско писмо
Статус
Службен воСиким
Јазични кодови
ISO 639-3sip

Сикимскиот, познат и како бутијански, дранџонгке (тибетски: འབྲས་ལྗོངས་སྐད་, Вајли: 'bras-ljongs-skad), дензонгпеке, е тибетски јазик кој е дел од поголемото јазично семејство на синотибетски јазици. Јазикот се зборува од Бутијанците во Сиким, Индија. Матичниот назив за јазикот е дранџонгке, а Сиким го нарекуваат Дензонг (тибетски: འབྲས་ལྗོངས་, Вајли: 'bras-ljongs; 'долина на оризот').[1]

Сикимскиот јазик се пишува со тибетско писмо. Ова писмо е наследено од класичниот тибетски јазик. Сепак, важно е да се напомене дека фонологијата на сикимскиот се разликува од таа на класичниот тибетски јазик. Според SIL, 68% Бутијанците се писмени во однос на тибетското писмо, според податоците за 2001.[1][2][3]

Сродност со останати јазици

[уреди | уреди извор]

Сикимците може да разберат до одреден степен говорен ѕонгка и лексичката сличност меѓу јазиците е 65%. За споредба, Тибетски јазикстандардниот тибетски е 42% сличен на лексичко поле со сикимскиот. Сикимскиот бил под одредено влијание од јолмованскиот и таманшкиот јазик.[1][2] Поради вековните контакти со Тибеќаните и Непалците, Сикимците користат и непалски и тибетски јазик.[1]

Фонологија

[уреди | уреди извор]

Согласки

[уреди | уреди извор]

Во прилог следува сикимската фонологија според Илниеми (2005) и Ва Дрим (1992).[3]

лабијални забни
алвеоларни
ретрофлексни Алвеопалатални/
палатални
веларни глотални
носни безвучни ན /n/ŋ̥ ང /ng/
звучниm མ /m/n ན /n/n~ŋ ཉ /ny/ŋ ང /ng/
експлозивни безвучни
unaspirated
p པ /p/t ཏ /t/ʈ ཏྲ /tr/k ཀ /k/ʔ འ /ʔ/
безвучни
пригласни
ཕ /ph/ ཐ /th/ʈʰ ཐྲ /thr/ ཁ /kh/
звучни b བ /b/d ད /d/ɖ དྲ /dr/ɡ ག /g/
обезвучени p̀ʱ བ /p'/t̀ʱ ད /t'/ʈ̀ʱ དྲ /tr'/k̀ʱ ག /k'/
африкати безвучни
unaspirated
ts ཙ /ts/ ཅ /c/
безвучни
пригласни
tsʰ ཚ /tsh/tɕʰ ཆ /ch/
звучни dz ཛ /dz/ ཇ /j/
обезвучени tɕ̀ʱ ཇ /c'/
фрикативни безвучни s ས /s/ɕ ཤ /sh/h ཧ /h/
звучни z ཟ /z/ʑ ཞ /zh/
ликвидни безвучни ལ /l/ ར /r/
звучни l ལ /l/r~ɹ~ɾ ར /r/
апроксимантни w ཝ /w/j ཡ /y/w ཝ /w/

Самогласки

[уреди | уреди извор]

Самогласките во сикимскиот се:[3]

преднисреднизадни
незаобленизаобленинезаобленизаоблени
затворени i  ི /i/y  ུ /u/u  ུ /u/
средни e  ེ /e/ø  ོ /o/o  ོ /o/
отворени ɛ  ེ /e/ɐ /a/

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 3 4 Lewis, M. Paul, уред. (2009). „Sikkimese“. Ethnologue: Languages of the World (16. изд.). Dallas, Texas: SIL International. Посетено на 2011-04-16.
  2. 1 2 Norboo, S. (1995). „The Sikkimese Bhutia“ (PDF). Bulletin of Tibetology. Gangtok: Namgyal Institute of Tibetology. стр. 114–115. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-03. Посетено на 2013-01-07.
  3. 1 2 3 Yliniemi, Juha (2005). Preliminary Phonological Analysis of Denjongka of Sikkim (PDF) (Masters, General Linguistics thesis). University of Helsinki. Посетено на 2011-04-17.[мртва врска]

Литература

[уреди | уреди извор]