Таманшки јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Таманшки јазик
तामाङ
Застапен воНепал, Индија, Бутан
НародТаманци
Говорници1.3 милиони  (1991–2000)[1]
Јазично семејство
Писмотибетско писмо, деванагари
Статус
Службен воСиким
Јазични кодови
ISO 639-3Разни:
taj — источнотаманшки
tdg — западнотаманшки
tmk — северозападен таманшки
tsf — југозападен таманшки
tde — источногоркански таманшки

Таманшкиот (деванагари: तामाङ; tāmāng) е синотибетски јазик, дел од подгрупата на таманшки јазици. Јазикот се зборува во Индија (Сиким), Непал и Бутан. Таманшкиот е најголем тибетско-бурмански јазик во Непал.

Дијалекти[уреди | уреди извор]

Таманшкиот јазик е поделен на следниве дијалекти:

  • источнотаманшки: 759,257 во Непак (2000 WCD). Вкупно население во сите држави: 773,257;
  • западнотаманшки: 322,598 (2000 WCD);
  • југозападен таманшки:109,051 (попис 1991);
  • северозападен таманшки: 55,000 (попис 1991);
  • источногоркански таманшки: 3,977 (2000 WCD).

Граматика[уреди | уреди извор]

Некои граматички карактеристики на јазикот се:

  • зборовен редослед: подмет-предмет-прирок;
  • употреба на постпозиции;
  • генетивот ги следи именките;
  • јазикот е ергативен;

Таманшкиот јазик е тонски јазик.

Писмо[уреди | уреди извор]

Таманшкиот јазик се пишува на писмо кое е слично со тибетското писмо и деванагари. Сепак, во најголем број случаеви, јазикот се пишува со деванагари.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]