Сечењ (град)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грб на Сечењ
Средишниот дел на Сечењ

Сечењ — град во северна Унгарија. Сечењ е град во округот Ноград.

Според податоците од 2008 година, градот имал 6.009 жители.

Локацијата на градот[уреди | уреди извор]

Градот Сечењ се наоѓа во северниот дел на Унгарија, во близина на границата со Словачка (4 км северно). Градот е околу 110 километри оддалечен северно од главниот град Будимпешта.

Сечењ се наоѓа во јужниот, унгарскиот регион Татри. Градот се наоѓа во долината на реката Ипељ, што воедно е и границата помеѓу Унгарија и Словачка. Надморската височина на градот е околу 175 m. На југ од градот ги има ридовите Черхат и Бержењ.

Климатски одлики[уреди | уреди извор]

Сечењ има континентална клима на повлажен тип. Просечниот број на сончеви часови е 1,990 годишно. Просечно годишно средно е 9,1 °C (48,4 °F), врз основа на годишниот просек во последните 70 години. Годишните дождови се 360 до 610 милиметри, земајќи го годишниот просек од 50 години како основа. Преовладувачките ветрови се западно и северозападно.

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]