Свети Лаврентиј (залив)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Сен Лоренс (залив))
Прејди на: содржини, барај
Заливот Свети Лаврентиј

Свети Лаврентиј (англиски: Gulf of Saint Lawrence, француски: Golfe du Saint-Laurent) — студенa водна површина и излез на континентална Северна Америка во Атлантскиот Океан преку Големите Езера. Околу 14 милиони литри слатка вода секоја секунда се влева во заливот од реката Свети Лаврентиј (Сент Лоренс). Главниот прилив на вода во заливот и од него, како и најголем дел од поморскиот сообраќај, минува низ Каботовиот Проток, кој го раздвојува Њуфаундленд од Нова Шкотска на југ. Ледени сандти има од февруари до април и тие претставуваат опасност за бродовите. Длабоките води на овој залив се одлично место за риболов.