Семира Адаму

Од Википедија — слободната енциклопедија
Семира Адаму

Семира Адаму (15 април 1978 - 22 септември 1998) била 20-годишна бегалка од Нигерија која била задушена до смрт од двајца белгиски полицајци во авион во Брисел, Белгија, за време на нејзината принудна депортација на 22 септември 1998.[1] Полицајците снимиле повеќе видео снимки на кои тие се шегувале додека 20 минути ѝ ја туркале главата длабоко во перница[2][3] со рацете и глуждовите врзани со лисици,[4] при што Адаму престанала да дише 7 до 8 минути.[5] Таа починала во болницата Сент Лук подоцна истиот ден во 21:32 часот.[2] Кога судот прашал зошто била употребена толкава сила, еден од полицајците рекол дека било неопходно „за да се избегне вознемирување на другите патници“.[2][5]

Од деветте полицајци кои ја опколиле Адаму во авионот кој тргнал за Того, за време на шестиот обид за нејзино депортирање, четворица биле осудени на условни казни за неволно убиство во декември 2003 година.[1][5] Началникот на полицијата добил 14 месеци, а останатите тројца полицајци добиле 1 година. Петтиот полицаец бил ослободен од обвиненијата. Необјавената отштета била исплатена од Белгија на семејството на Адаму, како што наредил судот.[2][6]

Биографија[уреди | уреди извор]

Адаму побегнала од Нигерија во март 1998 година, бидејќи била принудена да се омажи за 65-годишен маж кој што таа не го познавала. Тој веќе се оженил со четири други жени и наводно убил една од нив.[4] Предвидената дестинација на Адаму била Берлин, но, кога авионот застанал во Завентем, таа била однесена во притворниот центар во Стиноккерзил како резултат на нивното безбедно владеење со бегалци од трети свет на 26 март 1998 година. Таа таму за прв пат била испрашувана и не и бил дозволен влез. По жалба на оваа одлука, со втор разговор, била донесена одлука за насилно депортирање.[2]

Белгиските власти направиле 5 насилни обиди да ја депортираат Адаму. Нејзиниот адвокат изјавил дека Адаму била предупредена дека „секое насилство што ќе биде нанесено врз неа било нејзина вина“ и дека таа се плашела за сопствениот живот. Случката со Семира Адаму станала позната, и нејзината ситуација довела до демонстрации околу Стиноккерзил.[2] На 20 септември, таа се појавила на телевизија, имајќи улога во документарен филм за одбиени бегалци. Во тој филм, Адаму дала детален опис за четвртиот обид да ја депортираат:

„Бев разбудена во 6:30 часот наутро и ми дадоа дваесет минути да се подготвам за поаѓање. . . Кога стигнавме на аеродромот ми беа врзани рацете и нозете и ме фрлија во соба за изолација, во која бев повеќе од три часа. Во 11:15 насилно ме внесоа во авионот. Почнав да врескам и да плачам додека бев опкружена со шест жандарми и двајца мажи од Сабена. Мажите од авиокомпанијата ме турнаа наоколу и еден ми држеше перница на лицето. За малку ме задуши. Овие луѓе имаа за задача да ме придружуваат сè до Ломе. На овој момент интервенираа патници, велејќи дека ќе излезат од авионот доколку мажите не ме пуштат“.[2]

Реакции[уреди | уреди извор]

Најавата за смртта на Адаму довела до протести во Белгија. Стотици луѓе го опколиле логорот. Затворениците штрајкувале со глад.

Ова го предизвикал белгискиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Луис Тобак да поднесе оставка.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Belgium: Semira Adamu's case an opportunity to further review expulsion procedures“. www.amnesty.org.uk.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 „Statewatch News online: Five police officers on trial over the death of Semira Adamu in 1998“. www.statewatch.org. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „:4“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  3. Bates, Stephen (13 May 1999). „The hidden holocaust“. The Guardian. Посетено на 13 January 2022.
  4. 4,0 4,1 Fair Trials admin (18 December 2019). „Belgium: Semira“.
  5. 5,0 5,1 5,2 Osborn, Andrew (13 December 2003). „Belgian police guilty of deportation death“. The Guardian. Посетено на 13 January 2022.
  6. Four police officers convicted Архивирано на {{{2}}}.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]