Прејди на содржината

Северно Перу

Од Википедија — слободната енциклопедија
Република Северно Перу
República del Norte del Perú
1836–1839
Location of Северно Перу
Главен градЛима
УредувањеРепублика
Историја 
 Основана
11 Август 1836
 Распадна
25 Август 1839
Претходници
Наследници
Перу
Перу
Слика што го претставува штитот на Северната перуанска држава

Република Северно Перу (шпански: República Nor-Peruana) — една од трите конститутивни републики на краткотрајната Перуанско-Боливиската Конфедерација од 1836-1839 година.

Северно Перу е формирано од поделбата на Република Перу на Република Северно Перу и Република Јужно Перу. Овие две републики се основани во 1836 година за да бидат (со Боливиската Република) конститутивни републики на Перуанско-боливиската Конфедерација.

Конфедерацијата заврши три години подоцна по континуираните гранични војни со Аргентина и Чиле во Конфедерациската војна, и по хаотичен граѓански конфликт меѓу северните и јужните Перуанци. Во август 1839 година, Агустин Гамара ја прогласи Конфедерацијата за распуштена; како резултат на тоа, Јужно Перу и Северно Перу се вратија во обединета Република Перу.