Св. апостол Јаков

Од Википедија — слободната енциклопедија

Св. апостол Јаков е православен светец.

Животопис[уреди | уреди извор]

Св. апостол Јаков бил син на Јосиф, сопругот на Дева Марија, од неговиот претходен брак. Поради тоа, како и поради неговата посебна приврзаност кон Христос, тој се нарекува „Брат Господов“. Св. Јаков бил еден од 70-те апостоли кои го проповедале учењето на Христос. Според сведочењето на апостол Павле, по воскресението, Христос му се јавил на св. апостол Јаков.

Св. Јаков бил епископ во Ерусалим и ја составил првата литургија. Тој бил многу почитуван од Евреите поради неговиот свет живот, па го нарекле „Јаков Праведниот“. Меѓутоа, поради неговото проповедање на учењето на Христос, Евреите го фрлиле од покривот на храмот во 1. век од нашата ера. Во православната црква, споменот на овој светител се слави на 5 ноември.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Верски календар“, Дневник, година XVIII, број 5609, среда, 5 ноември 2014, стр. 24.