Свиткана пирамида

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Координати: 29°47′25″N 31°12′33″E / 29.79028° СГШ; 31.20917° ИГД / 29.79028; 31.20917

Свитканата пирамида

Свиткана пирамидастароегипетска пирамида и појужна од двете големи пирамиди во Дахшур. Таа се разликува од сите останати египетски пирамиди поради нејзиниот необичен облик кој го добила како последица на проблеми кои настанале при нејзината изградба. Таа има наклон од 54 степени, а горниот дел над висината од 47 метри е со поостар наклон од 43 степени, што на пирамидата и го дава препознатливиот „свиткан“ облик.[1]

Пирамидата била изградена околу 2650 п.н.е. од страна на првиот фараон од Четвртата египетска династија Снеферу. Објектот бил првата градба која била замислена да претставува вистинска пирамида, иако Снеферу веќе бил зафатен со изградба на Медум како гробница во облик на скалеста пирамида. Таа е четвртата најголема пирамида и, за разлика од останатите пирамиди, нејзиниот надворешен изглед е во голема мера сочуван. Пирамидата најверојатно не служела како гробница, туку како кенотаф или молитвен простор, бидејќи подоцна изградената Црвена пирамида била искористена како гробница на Снеферу.[2]

Изградба[уреди | уреди извор]

Изометриски план и скици на пирамидата

Свитканата пирамида била изградена од страна на фараонот Снеферу во 15. година од неговото владеење како втора гробнива по започнувањето на изградбата на скалестата пирамида во Медиум. Како место на изградба одбрал нова некропола во денешен Дахшур. Причината поради која се одлучил за изградба на втора пирамида е непозната, но можно е да се должи на преместувањето на престолнината. Новата градба била првата пирамида која било планирано да биде вистинска пирамида, но поради проблеми при изградбата не можела да го добие вистинскиот облик.[2][3][4][5][6][7]

Истражување[уреди | уреди извор]

Европските патници во Египет, како Роберт Хантингтон, Ричард Мелтон и Ричард Покок, уште во 17 век опишале пирамида со необичен облик во своите мемоари. Пирамидалниот комплекс за првпат бил систематски истражуван од страна на Џон Ши Перинг во септември 1839 година. Со истражување на градбата исто така се занимавале и Карл Рихард Лепсиус во 19 век, како и Флиндерс Петри на почетокот од 20 век. По 1945 година, истражувања биле спроведени од страна на Абдел Салам Хусаинс и Александар Вјариљ, иако пишани извештаи од нивните истражувања не се сочувани. Темелно истражување на пирамидата било извршено од страна на Ахмед Фахри на почетокот на 1950-те, по што следеле истражувањата на Вито Маргољо и Целест Риналди, Јозеф Дорнер и истражувачката екипа од Германскиот археолошки институт предводена од Рајнер Штаделман во 1980 година.[5][4]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Verner, M. (2001). The Pyramids - Their Archaeology and History. Atlantic Books. ISBN 978-1903809457.
  2. 2,0 2,1 Lehner, M. (2004). Geheimnis der Pyramiden. Bassermann, Edition. стр. 97. ISBN 978-3809417224.
  3. Verner, M. (2001). The Pyramids - Their Archaeology and History. Atlantic Books. стр. 201. ISBN 978-1903809457.
  4. 4,0 4,1 Alan Winston: The Pyramid of Snefru (Bent Pyramid) at Dahshur
  5. 5,0 5,1 Lehner, M. (2004). Geheimnis der Pyramiden. Bassermann, Edition. стр. 102. ISBN 978-3809417224.
  6. Verner, M. (2001). The Pyramids - Their Archaeology and History. Atlantic Books. стр. 185. ISBN 978-1903809457.
  7. Stadelmann, S. (1991) Die ägyptischen Pyramiden. Vom Ziegelbau zum Weltwunder. Verlag Phillip von Zabern in Wissenschaftliche Buchgesellschaft. стр. 87. ISBN 978-3805311427.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Fakhry, Ahmed (1961). The Monuments of Sneferu at Dahshur. General Organization for Government. 
  • Maragioglio, Vito & Rinaldi, Celeste (1963). L'Architettura delle Piramidi Menfite, parte III. Artale. 
  • Ahmad Fachri: The Monuments of Sneferu at Dahshur. Bd. I: The Bent Pyramid. Cairo 1959.
  • Frank Müller-Römer: Der Bau der Pyramiden im Alten Ägypten, Utz 2011, стр. 157, ISBN 978-3-8316-4069-0.
  • Michael Haase: Das Feld der Tränen. Ullstein, Berlin 2000, ISBN 3-550-07141-8.
  • Christian Hölzl: Die Pyramiden Ägyptens. Brandstätter, Wien 2004, ISBN 3-85498-360-3.
  • Peter Jánosi: Die Pyramiden. Beck, München 2004, ISBN 3-406-50831-6.
  • Roman Gundacker: Anmerkungen zum Bau der Pyramiden des Snofru. In: Sokar. Nr. 11, 2005, стр. 19.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]