Свети Петар (Свети Петар и Микелон)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Островот Свети Пјер и околните острови прикажани со црвена боја

Островот Свети Пјер ― еден од трите главни острови Свети Петар и Микелон. Го содржи градот Сен Пјер, кој лежи на источниот брег на островот и е главниот центар на населението во групата на острови. Тој е дел од прекуморската заедница на Франција и се наоѓа во близина на канадската покраина Њуфаундленд и Лабрадор.

Неколку помали острови лежат покрај брегот на Свети Пјер, особено Л'ил-о-Маран и Л'ил-о-Ванкер на исток, и Гран Колумбје, кој се наоѓа покрај најсеверната точка на Свети Пјер. Свети Пјер и неговите соседни острови ја облкуваат комуната Сен Пјер, една од двете комуни во Свети Петар и Микелон (другата е Микелон-Ланглад). Островот е достапен со траект од Њуфаундленд и Лабрадор и има контрола на имиграциите за државата Франција.