Свети Никола (остров)

Координати: 42°16′N 18°51′E / 42.267° СГШ; 18.850° ИГД / 42.267; 18.850
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Никола
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 408: Malformed coordinates value
Географија
МестоЈадранско Море
Координати42°16′N 18°51′E / 42.267° СГШ; 18.850° ИГД / 42.267; 18.850
Вкупно острови1
Површина0,36 км2
Највисоко издигнување121 м
Управување
ОпштинаОпштина Будва
Поглед кон островот

Остров Свети Никола (српски: Острво Свети Никола) — остров во Јадранското Море, во црногорската Општина Будва.

Островот Свети Никола се наоѓа спроти градот Будва, 1 километар од стариот дел на градот на Будва. Островот е долг 2 километри, а има површина од 36 хектари. Највисоката точка на островот е карпа која се издига на 121 метри надморска височина.

Островот е популарна атракција во областа Будва, и има три поголеми песочни плажи со вкупна должина од 840 метри и бројни мали плажи околу островот, достапни само со брод.

Елени живеат во необработениот дел на островот. Островот се нарекува Шкољ од месните жители, додека популарно од некои од туристите се нарекува и Хаваи кое всушност е име на песочната плажа за капење на островот.