Света Марија (остров)
Света Марија е мал остров кој се наоѓа на јужниот дел од Велико Езеро на островот Млет. Тоа е многу мало островче со големина од 120 m x 200 m. На островчето се најдени остатоци на римски објекти, но сепак е најмногу познато по бенедиктанскиот манастир од 12 век.[1]
Првите бенедиктанци кои дошле на островот Млет изградиле манастир во местото Локрум во 1203 година. После нив дошле бенедиктанци од италијанската област Апулија, што предизвикало незадоволство кај домашните бенедиктанци. Поради тоа, захумскиот жупан Десин (според некои извори захумскиот кнез Деса), на италијанските бенедиктанци им го дал островчето сред Велико Езеро на Млет, за да изградат таму свој манастир. Манастирот бил изграден, а потоа на островот била подигната и црква. Манастирот бил изграден во романиски стил и бил повеќепати обновуван. Денес манастирот е двокатна ренесансна градба, која од двете страни има двор, а главниот тракт кој е свртен кон дворот има аркаден ходник. На југоистчниот агол била изградена одбранбена кула, така да целиот објект, вклучувајќи ја тука и црквата, има одбранбен карактер. Манастирот бил напуштен во 1869 година, а тој настан се поврзува со локалната легенда, според која бенедиктанците го проколнале месното население да сѐ прави наопаку. Како монаси во манастирот живееле многу познати уметници и поети. Најпознати од нив биле дубровничките поети Мавро Ветрановиќ, Игнат Ѓурѓевиќ и еден од најпознатите византолози од тоа време Анселмо Бандури. Црквата Света Марија е во склоп на манастирот. Таа е еднобродна, романиска (апулиска) градба, изградена според иста таква црква која бенедиктанците ја изградиле во Монте Гаргана.[2] Црквата била обновувана и проширена во 16 век и тогаш на тремот бил поставен грбот на хрватскиот поет Гундулиќ.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Островчето Света Марија
-
Црквичка на островчето
-
Внатрешност на црквичката
-
Црквичката Свети Иван (15 век)
-
Внатрешност на црквичката Свети Иван
-
Бенедиктанскиот манастир
-
Споменик во близина на влезот на црквата Света Марија
-
Црквата Света Марија
-
Олтар во црквата
-
Мозаик во црквата
-
Внатрешност на црквата Света Марија
-
Внатрешност на црквата Света Марија
-
Внатрешност на црквата Света Марија
-
Внатрешност на црквата Света Марија
-
Внатрешност на црквата Света Марија
-
Внатрешност на црквата Света Марија
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Otočić Sv. Marije“. Nacionalni park Mljet (хрватски). Архивирано од изворникот на 2018-09-01. Посетено на 2018-12-19.
- ↑ Stošić, Josip. „Benediktinski samostan Sv. Marije na Mljetu“ (PDF). Rad. Inst. povij. umjet. 22/1998. (7–21).