Самобор (тврдина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Самобор, тврдина)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Изглед на тврдината

Самобор - средновековна тврдина сместена на Дрина, на подрачјето на општина Ново Горажде, во Република Српска. Тврдината ја изградил во текот на 14 век Сандаљ Храниќ од династијата „Косачи“, која оваа тврдина ја поседувала сè до доаѓањето на Турците, во 1465 година. Денас тврдината со својата околина претставува национален споменик на Босна и Херцеговина.[1]

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Според легендата, името Самобор доаѓа од еден осамен бор кој растел на карпите, во периодот кога била градена тврдината.[2]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Стариот град Самобор се наоѓа на карпест рид, на Боровска Планина, над местото каде реката Јањина се влева во Дрина. Од највисоката точка на градот, која се наоѓа на северозападниот дел, можело да се контролира патот кој води по долината на реката Дрина, како и локалниот пат кој води по долината на реката Јањина. Се протега на површина поголема од еден хектар, и претставува едно од поголемите зачувани тврдини во Босна и Херцеговина. Изграден е на карпест и нерамен терен, со тесни премини и мали платоа. Иако е урнат, Самобор е најзачуваната тврдина која им припаѓала на Косачите. На некои места, градот е широк од 350 до 400 метри. Јужниот, северниот и источниот дел на тврдината биле само делумно заградени, бидејќи карпите биле доволна заштита.

Местоположбата на тврдината

Историја[уреди | уреди извор]

Стариот град Самобор за првпат се споменува во 1397 година. Го изградил Сандаљ Храниќ Косача. Често се спомнува во документите од првата половина на 15 век, а во документ од 13 јануари 1423 године, се споменува и предградие на Самобор.[3]

Според пописот од 1469 година, Самобор припаѓал на вилаетот Херсек, кој пак бил дел од Босанскиот санџак. Од завземањето, па до 1832 година кога е напуштен, Османлиите во градот чувале војска. Околу 1800 година, во градот биле сместени три рода на војска.[4]

Изглед[уреди | уреди извор]

Стариот град Самобор бил составен од повеќе целини. На главниот влез на целиот комплекс имало висока тространа кула со основа во форма на истостран триаголник, чии ѕидови биле дeбeли 1,8—2,1 метри. До данас зачуван е ѕидот до стропот на призeмното ниво, а ѕидовите од горниот спрат на оваа кула се целосно уништени. Формата на оваа кула е необична за градбите во Босна и Херцеговина.[5] Од влезот, водел пат долг околу 400 метри до источниот дeл на градот. Патот водел до втора капија, која го штитела влезот во градот. Источниот дел е непристапен од три страни, поради стрмните карпи. Цeнтралниот дел опфаќал простор околу џамија, која заeдно со трeмот била долга 10 метри.Постои фотографија објавена во 1912 година, на која зградата на џамијата била цела.[6] Од влезот во централниот дел, па сè до над џамијата, исклесани се четири столови во карпите.[7] На горниот дел од градот се наоѓа најдобро зачуваната градба. Тоа е главната кула, изградена на карпа, што доминира во целата околина. Јужната тврдина се наоѓала на околу 150 мeтри пониско од централното плато, а со централниот дел од градот била поврзана со бедеми. Нeколку години пред австроунгарската окупација, служела како еден вид затвор, иако градот напуштeн во 1832 година.[6][8] Поголемиот дел од Самобор денес е во урнатини. Во 1892 година, било утврдено дека: дрвениот материјал го нема, но и дека деловите од тврдината изградени од цврсти материјали, се уриваат.[8]

Остатоците на Самобор

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Стариот град Самобор, национален споменик на БиХ. Службен весник БиХ, број 60/08
  2. Државни архив у Дубровнику: Серија -{Diversa Cancellariae}-, свеска XXVI, фолија 123
  3. Јосип Јиречек, Трговачки друмови и рудници Србије и Босне у средњем веку. Свјетлост, Сарајево, 1951
  4. Хамдија Крешевљаковић, Стари босански градови, 1953
  5. Марко Поповић, Средњовековне тврђаве у Босни и Херцеговини. Зборник за историју Босне и Херцеговине, 1, Српска академија наука и уметности, Одбор за историју Босне и Херцеговине, Београд, 1995
  6. 6,0 6,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име zdravkokajmakovic.
  7. Шефик Бешлагић, Камене столице средњовјековне Босне и Херцеговине. Академија наука и уметности Босне и Херцеговине, Дјела, књига 59, Одјељење друштвених наука, Књига 34, Сарајево, 1985
  8. 8,0 8,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име stevandelic.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Службен весник на БиХ, број 60/08
  • Марко Вего, Насеља босанске средњовековне државе. Свјетлост, Сарајево, 1957
  • Шефик Бешлагић, Стећци, каталошко-топографски преглед. Сарајево, 1971
  • Група аутора, Извјештај о претходним истраживањима, У: Горње Подриње у доба Косача. Међурепублички научноистраживачки пројекат, Извјештај за 1973. годину. Завод за заштиту споменика културе Босне и Херцеговине, Сарајево, 1973
  • Десанка Којић-Ковачевић, Архивско-историјска истраживања горњег Подриња, У: Дрина у доба Косача, Наше старине, 14—15, Сарајево, 1981

Надворешни врски[уреди | уреди извор]