Сага за џудото 2

Од Википедија — слободната енциклопедија

Сага за џудото 2 или Санширо Сугата 2 (јапонски: 續姿三四郎) - јапонски филм од 1945 година, во режија на Акира Куросава. Главните улоги ги играат: Денџиро Окочи, Сусусму Фуџита и Акитаке Коно.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Во 1880-тите, еден ученик на боречки вештини ја продолжува својата намера да стане мајстор на џудото, а неговиот учител е основач на таа дисциплина. На крајот, ученикот ја совладува вештината доволно за да се истакне во боксерскиот меч меѓу американските и јапонските борци. Целиот филм зборува за соперништвото меѓу каратето и џудото, као и стремежот на Санширо да го направи она што е исправно. На една страна, тој се соочува со сето она што е морално исправно, а на друга страна со правилата кои ги наметнува доџото. На крајот, тој сепак одлучува да ги прекрши сите правила, го напушта доџото и се бори против американскиот боксер и мајсторот по карате. Санширо победува во двата меча и на крајот од филмот коначно се насмевнува, свесен дека конечно може да биде среќен...[1]

Наводи[уреди | уреди извор]