СУ „Никола Карев“ - Струмица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Никола Карев
School Nikola Karev (Strumica) (1).JPG
Место
Општина: Струмица
Место: Струмица
Адреса: Ул. Маршал Тито бр. 170
Основни информации
Контакт информации
Портал www.nkarev-strumica.edu.mk/content/allnews.html

Средното општинско училиште „Никола Карев“ се наоѓа во Струмица, општина Општина Струмица. Има околу 1500 ученици опфатени во образовни профили со четиригодишно и тригодишно траење на образованието. Училиштето исто така овозможува и специјалистичко образование од електротехничка, машинска, текстилна, дрвна, градежна и сообраќајна струка. Ученикот е центар на заложбите на училиштето. Наставата во училиштето се одвива во две смени: прва смена започнува во 7:30 часот, за септември со учениците од прва и трета година, а втора смена започнува во 13:30 со учениците од втора и четврта година. Наставата се одвива во кабинети. Дополнителна и вон наставните активности се изведуваат според однапред истакнат термин од страна на предметниот наставник. Практична настава за тригодишното и четиригодишното образование се реализира во работилниците и лабораториите на училиштето и во просториите на социјалните партнери.

Преку Советот на родители, родителите се вклучени во животот и работата на училиштето и своите забелешки помагаат во разрешување на дел од проблемите како и во надминување на нашите слабости во работењето или со свои предлози и мислења ни помагаат во планирањето и осмислувањето на нашата идна работа.

Струки[уреди | уреди извор]

Електротехничка струка[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Електротехничка струка.

Образовни профили во Електротехничка струка со четиригодишно образование:

Образовни профили во Електротехничка струка со тригодишно образование:

Електротехничката струка располага со сопствено опремени кабинети за одржување на вежби и предавања, опремени со современи нагледни средства. Практичната настава се изведува и во претпријатијата со соодветна дејност низ општината со кои Електротехничката струка соработува.

Машинска струка[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Машинска струка.

Образовен профил со четиригодишно образование:

Образовни профили со тригодишно образование:

Машинската струка наставата ја изведува во училници и кабинети.Практичната настава се изведува во 3 кабинети и 3 работилници (една работилница за образовниот профил Металостругар, а другите две за Бравар и Инсталатер на водовод). Кабинетите и работилниците се опремени со опрема, машини, алат и материјал потребни за квалитетно реализирање на практичната настава. За изведување на практичната настава, Машинската струка соработува со претпријатија од соодветната дејност од Општината.

Текстилна струка[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Текстилна струка.

Образовен профил со четиригодишно образование:

Образовен профил со тригодишно образование:

Текстилната струка наставата ја изведува во училници и две кабинет-училници за стручните предмети од конфекциско занимање. Практичната настава се изведува во две работилници опремени со индустриски обични машини за шиење, две специјални машини за оплетување и две кофекциски пегли на пареа. Во работилниците има и прилагоден простор со маси за кроење.

Практична настава се изведува и во претпријатијата низ општината.

Спортска сала

Сообраќајна струка[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Сообраќајна струка.

Образовни профили со четиригодишно образование:

Двата профила во сообраќајната струка Техничар за патен сообраќај и Техничар за транспорт и шпедиција почнувајќи од 2005/06 учебна година, наставата ја изведуваат по нова програма. Наставата се изведува во опремени кабинети училници а дел од истата се изведува практично во претпријатија сродни на таа струка. Кабинетите се опремени со голем број на делови и склопови од моторни возила, компјутер со виртуелана симулација на поедини процеси како на принцип на работа на моторите така и на принцип на работа на поедини склопови и агрегати, Кабинет за безбедност во сообраќајот со собраќајни знаци и семафори.

Градежна струка[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Градежна струка.

Образовни профили со четиригодишно образование:

Образовни профили со тригодишно образование:

Сите овие дополнителни знаења и квалификаци што ги стекнуваат, ќе им овозможат да бидат повисоко ценети во компаниите што ќе работат или да имаат повеќе вештини и компетенции кога аплицираат на пазарот на трудот. Покрај теоретската настава во училиштето се изведува и практичната работа во градежни компании каде кандидатите може одблиску да се запознаат со вештините и знаењето од одредена област од градежната струка.

Шумарско - дрвопреработувачка струка[уреди | уреди извор]

Образовен профил со четиригодишно образование:

Шумарско-Дрвопреработувачката струка, наставата ја изведува во училница и работилница-кабинет, кои се во непосредна близина. Практичната настава се изведува во работилница со користење на потребни материјали (масивно дрво и плочести материјали). Обработката на дрвото во кабинетот-работилница се врши со рачен алат и машински.

Освоени награди[уреди | уреди извор]

Училиштето зема активно учество уште од самите почетоци на струмичкиот карневал. Карневалските маски во цело се изработуваат во училиштето од самите ученици и карневалскиот тим на професори. Досега училиштето има освоено повеќе награди, а оваа година го освои првото место со маската „Царство на Пауните“ во конкуренција на групмни маски со над 50 учесници. Исто така има учествувано на повеќе карневали во соседните држави како што се Бугарија (Перник) Грција (Патра), Србија (Панчево, Шабац, Врњачка Бања), Црна Гора (Будва), Хрватска (Дубровник), Словенија (Птуј, Шоштањ, Мозирија.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]