Прејди на содржината

СУ „Наум Охридски“ - Скопје

Од Википедија — слободната енциклопедија

ДСУ „Св. Наум Охридски”

Место
Општина: Центар
Место: Скопје
Адреса: Ул. „Васил Ѓоргов„ бр.47-б
Основни информации
Основано: 1966; пред 59 години (1966)
Директор: Златко Маројевиќ
Настава на: македонски
Контактни информации
Портал www.dsu-svnaumohridski.edu.mk
е-пошта n.ohridski@yahoo.com
тел. 02/3119-472

ДСУ „Св. Наум Охридски” (целосно име: Државно средно училиште „Св. Наум Охридски”) — средно училиште во Скопје, Општина Центар.

Основање и развој

[уреди | уреди извор]

Училиштето официјално започна со работа во далечната 1966 година како Центар за професионална рехабилитација на инвалидизирани лица – Скопје. До 1970 година, наставата се одвивала во помошни монтажни бараки, но потоа е изграден постојниот објект со ученички дом и модерно опремени работилници. По оваа година, на стручно оспособување започнаа да се примаат и ученици со посебни образовни потреби.

Со промените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување и Законот за средно образование, престанува да важи Правилникот за стручно оспособување на инвалиди по пат на професионална рехабилитација, поради што од учебната 1982/83 година Центарот е верифициран како училиште за стручно оспособување на ученици со посебни образовни потреби под називот Центар за рехабилитација и образование „Македонија” – Скопје.

Образовни профили

[уреди | уреди извор]

Во училиштето има 6 достапни струки од кои : Графичка, Машинска, Текстилна, Електротехничка, Градежна и Угостителско-туристичка струка.

ГРАФИЧКА СТРУКА

  • Послужувач на графички машини
  • Помошник книгоповрзувач - картонажер
  • Помошник книгоповрзувач – Работно оспособување
  • Помошник книгоповрзувач – картонажер (дисперзирана паралелка во Битола)

МАШИНСКА СТРУКА

  • Помошник бравар-лимар
  • Помошник автомеханичар

ТЕКСТИЛНА СТРУКА

  • Помошник конфекционер

ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКА СТРУКА

  • Помошник електромеханичар

ГРАДЕЖНА СТРУКА

  • Помошник молеро-лакер

УГОСТИТЕЛСКО-ТУРИСТИЧКА СТРУКА

  • Помошник готвач

Освоени награди

[уреди | уреди извор]

Познати личности кои учеле во ова училиште

[уреди | уреди извор]

Познати личности кои предавале во ова училиште

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]