СУ „Д-р Панче Караѓозов“ - Скопје

Од Википедија — слободната енциклопедија

Д-р. Панче Караѓозов

Место
Општина: Центар
Место: Скопје
Основни информации
Директор: Маја Салиу
Настава на: македонски и албански
Контактни информации
Портал fb/ @officialpanchekaragjozov www.medpk.edu.mk/ fb/ @officialpanchekaragjozov

Средното училиште на Град Скопје „Д-р Панче Караѓозов“ се наоѓа во Скопје, Општина Центар[1].

Локација[уреди | уреди извор]

Местоположбата на училиштето во непосредна близина на повеќе здравствени објекти е од драгоцено значење за успешно и квалитетно одвивање на практичната настава, феријална пракса и соработка. Тука се вбројуваат: комплексот клинички објекти на Државната болница (Клиники и Институти при Медицинскиот, Стоматолошкиот и Фармацевтскиот факултет), Градска општа болница - Ургентен центар, Здравствен дом, Републички и Градски Завод за здравствена заштита, аптеки, приватни здравствени организации и др.

Традиција и развој[уреди | уреди извор]

Традицијата на постоењето и работата на Училиштето започнува во далечната 1931/32 1945 при Хигиенскиот завод, а 1934 е изградена училишната зграда (сегашен објект на ученичкиот дом). Учебната 1945/46 година својата образовна дејност на македонски јазик ја започнува Училиштето за медицински сестри и негувателки. Подоцна од 1947/48 година се отвораат и Училиштето за помошници аптекари, Санитарното училиште и Учиштето за дентисти.

Во учебната 1972/73 година се извршува интеграција на тие училишта во една единствена образовна институција - Медицински училиштен центар ,, Д-р Панче Краѓозов,,. Материјалниот услов за работење на една ваква сложена организиација е создаден со градењето на нова модерна зграда во непосредна близина на комплексот клинички објекти на Државната болница.

Училиштен простор и опрема[уреди | уреди извор]

Вкупната квадратура на училиштето изнесува 7.408,57 м 2,од кои 3.854,93 м2 директно се користат за настава.

Училиштето располага со училиници, кабинети, лаборатории, солидно опремена библиотека, фискултурна сала, канцеларии за административниот и наставниот кадар.

Теоретскиот дел од наставата се изведува во училиниците и кабинетите за општообразовни и општо стручни предмети.

Во училиштето има лаборатории за теоретска и практична настава за тесно стручните предмети : кабинети за нега на болен, кабинет за фармакогнозија и ботаника, аптека од затворен тип, галенска лабораторија, лаборатории со дигестори, лабораторија за микробиологија и паразитологија, биохемиска лабораторија, хематолошка лабораторија и лаборатории за забна техника.

Училиштето располага со модерно опремена фискултурна сала со фитнес опрема како и надворешни спортски терени.

Во рамките на Училиштето работи и Ученичкиот дом за сместување и исхрана на учениците од внатрешноста на Републиката кои се школуваат во нашето училиште. Ученичкиот дом со капацитет од 110 места ги задоволува потребите за сместување, исхрана и активности од културно-забавен и воспитен план.

Ученички дом[уреди | уреди извор]

Ученичкиот дом што е во состав на СМУГС “Д-р Панче Караѓозов” е сместен во посебна зграда сместена во кругот на училишниот двор. Станува збор за стара тврда градба која датира уште од далечната 1931 година. Нејзината првична намена била како училиште за медицински сестри и негувателки.

Во учебната 1945/46 година преку Училиштето замедицински сестри и негувателки, Медицинскиот училиштен центар ја започнува образовната дејност на македонски јазик токму во просториите на сегашниот Ученички дом. Подоцна, од 1947/48 година, во истите тие простории, образовната дејност на македонски јазик ја спроведу­ваат и Училиштето за фармацевтски тех­ни­­чари, Санитарното училиште и Забарското училиште.

Во учебната 1972/73 година со интеграција на горенаведените училишта под раководство на д-р Михаил Еленчевски,Медицинскиот училиштен центар “Д-р Панче Караѓозов” започнал да функционира како единствена образовна институција. Со изградбата на новото и модерно здание кое во целост ќе ги задоволува и ќе ги исполнува материјалнитe услови за успешно и квалитетно одвивање на практичната настава, а кое било пуштено во оптек на 13 Ноември во далечната 1973 година, старата зграда добива функција на Ученички дом што ќе работи во склоп на Медицинскиот училиштен центар “Д-р Панче Караѓозов”.

Функцијата на Ученичкиот дом до неодамна била згрижување, исклучиво, на ученичките од Медицинскиот училиштен центар “Д-р Панче Караѓозов”, но со новонастанатите услови за успешно и квалитетно одвивање на практичната настава, а кое било пуштено во оптек на 13 Ноември во далечната 1973 година, старата зграда добива функција на Ученички дом што ќе работи во склоп на Медицинскиот училиштен центар “Д-р Панче Караѓозов”. Функцијата на Ученичкиот дом до неодамна била згрижување, исклучиво, на ученичките од Медицинскиот училиштен центар “Д-р Панче Караѓозов”, но со новонастанатите социо-економски состојби истата е изменета, со што на Ученичкиот дом му се овозможува да нуди сместување за ученички од провинцијата на нашава држава кои се запишани и примени во средните училишта во склоп на град Скопје.

Старата зграда којашто функционираше како Ученички дом, не задоволуваше извесни современи нормативи за живеење и затоа последните седум години преземени се многу активности за да се подобрат условите за живеење, учење, забава и др. За таа цел, инвестирано е во повеќе репарациони и реставрациони зафати.

Штитеничките на Домот, покрај задолжителното учење и совладување на училишниот материјал по нивните наставни предмети, со ентузијазам се вклучуваат во многубројните активности со подготвување приредби, работаво секции, учество на Домијади, соработка со учениците од другите домови. Овие активности не само што овозможуваат збогатување на животот во Ученичкиот дом туку и реализација на програмските цели и задачи кои опфаќаат работно, интелектуално, морално, естетско, физичко и здравствено воспитување. Програмата за работа на Ученичкиот дом се остварува преку работните активности на управникот на домот и воспитувачките.

Ученичкиот дом располага со капацитет од 107 легла, распределени во 25 соби. Во Ученичкиот дом има училници, клуб-просторија, канцеларии, кујна со помошна просторија, трпезарија, магацини, перална со пегларница и бањи кои севкупно даваат површина од 1800м2.

Во иднина задача на персоналот од Ученичкиот дом, на чело со директорот на СМУ “Д-р Панче Караѓозов” д-р Марјан Алабаковски, ќе биде континуираноподобрување на условите во Домот, како и неговата функција и придонес во создавање психофизички здрави и образовани личности кои во најблиска иднина успешно ќе се вклучат во понатамошните текови на животот.

Образовни профили[уреди | уреди извор]

Медицински сестри[уреди | уреди извор]

Профилот Медицинска сестра низ четиригодишно образование стекнува знаења по општо-образовните и стручните предмети и практични умеења и вештини:

  • да спроведува соодветна нега
  • да асистира при лекарски интервенции
  • да дава вакцини по налог на лекар
  • да мери и регистрира витални знаци
  • да зема биолошки материјал за дијагностика
  • да аплицира медикаменти субкутано, интрадермално, интрамускулно по налог
  • да врши стерилизација и дезинфекција на инструменти и материјали
  • да организира и учестува во здравствена едукација
  • да администрира, едвидентира и да документира

Практичната настава започнува во втора година. За профилот медицинска сестра практичната наства се одвива во училиштето во специјално опремени кабинети од доменот на медицинската техника, но и во здравствени болнички и вонболнички установи. Практичните бази кои најчесто се користат се клиниките на Медицинскиот факултет, но и други здравствени институции.

Феријалната практика е задолжителна по завршувањето на втора и трета година, со цел учениците подобро да се оспособат за идната професија, а се реализира во текот на летниот распуст во здравстевни организации. Времетраењето е 100 работни часови распределени во 20 работни дена. За својата работа на феријалната практика учениците уредно водат дневници со краток опис на работата предвидена со програмата.

Можности за вработување[уреди | уреди извор]

Образовниот профил медицинска сестра може да ги извршува работните задачи во сите видови здравствени организации кои вршат дејност во рамките на примарната, секундарната и терцијарната здравствена заштита (амбуланти, поликлиники, болници,) хуманитарни организации, дијагностички лаборатории, институти, заводи и сл. Работата е одговорна, бара многу знаење, вешти раце, самостојност, концентрација и внимание.

Фармацевтски техничар[уреди | уреди извор]

Фармацевтскиот лабораториски техничар низ четиригодишно образование стекнува знаења по општо-образовните и стручните предмети и практични умеења и вештини за:

  • ракување со лабораторискиот прибор и апарати
  • изработка на магистрални, галенски лекови и козметички препарати
  • да дава совети при издавање парафармацевтика (козметика, лековити чаеви)
  • добивање, чување и примена на лековити супстанци и лекови
  • идентификација и определување на чистотата и другите поважни одлики на лековитите супстанции
  • да евидентира примероци за анализа
  • да подготвува реагенси и примероци за анализа
  • да асистира во изработка на магистрални препарати
  • да пакува, чува и складира реагенски, санитетски материјали, лекови, лековити супстанци и лековити билки по налог
  • да собира лековити билки по налог

Практичната настава по стручните предмети за профилот фармацевтски техничар започнува во втора година и се одвива во соодветни лаборатории и кабинети, опремени со инструменти и апарати потребни за изработка на галенски препарати. Во рамките на предметите фармацевтска технологија и фармацевтска хемија е предвидена пракса во институции кои обавуваат фармацевтска дејност. Феријалната практика е задолжителна по завршувањето на втора и трета година, со цел учениците подобро да се оспособат за идната професија, а се реализира во текот на летниот распуст во здравстевни организации. Времетраењето е 100 работни часови распределени во 20 работни дена. За својата работа на феријалната практика учениците уредно водат дневници со краток опис на работата предвидена со програмата.

Можности за вработување[уреди | уреди извор]

Фармацевтскиот лабораториски техничар е вклучен во работата на повеќе здравствени организации: галенски лаборатории, аптеки, веледрогерии, фармацевтска индустрија, организации за промет со лекови и билки. Работата е одговорна, бара многу знаење, вешти раце, самостојност, концентрација и внимание.

Медицински лабораториски техничар[уреди | уреди извор]

Медицинскиот лабораториски техничар низ четиригодишно образование стекнува знаења по општо-образовните и стручните предмети и практични умеења и вештини за:

  • самостојно да зема, да идентификува и да подготвува биолошки материјал
  • да изработува анализи под надзор
  • да регистрира резултати од анализи
  • да зама капиларна и венска крв за рутински анализи
  • за засекува биолошки материјал
  • да подготвува микробиолошки подлоги
  • да отстранува и уништува заразен материјал
  • да врши стерилизација и дезинфекција
  • да ги познава и одржува основните апарати и инструменти

Практичната настава по стручните предмети започнува во втора година и се одвива во училиштето во соодветни лаборатории и кабинети, опремени со неопходните инструменти и апарати, но и во биохемиските лаборатории на Клиничкиот центар при Медицинскиот факултет, Институтот за микробиологија и паразитологија при Медицинскиот факултет и Микробиолошката лабораторија, во Републичкиот и Градскиот завод за здравствена заштита и др.

Феријалната практика е задолжителна по завршувањето на втора и трета година, со цел учениците подобро да се оспособат за идната професија, а се реализира во текот на летниот распуст во здравстевни организации. Времетраењето е 100 работни часови распределени во 20 работни дена. За својата работа на феријалната практика учениците уредно водат дневници со краток опис на работата предвидена со програмата.

Можности за вработување[уреди | уреди извор]

Медицинскиот лабораториски техничар извршува работни задачи во сите видови здравствени организации кои вршат дејност во рамките на примарната, секундарната и терцијарната здравствена заштита во дијагностички лаборатории, институти, заводи Работата е одговорна, бара многу знаење, вешти раце, самостојност, концентрација и внимание.

Забен техничар[уреди | уреди извор]

Профилот Забен техничар низ четиригодишно образование стекнува знаења по општо-образовните и стручните предмети и практични умеења и вештини за изработка на:

  • тотални и парцијални акрилатни протези
  • скелетираи парцијални протези
  • едноделно леани протетички конструкции фасетирани со синтетски маси
  • инлеи, онлеи и леани надградби
  • соло коронки од метал керамика ( естетски коронки);
  • се грижи за правилно чување и одржување на апаратите и инструментите
  • администрирање, евидентирање и документирање на работни налози и материјали

Практичната настава по стручните предмети за профилот забен техничар се започнува од втора година и се одвива во соодветни кабинети, опремени со инструменти и апарати потребни за изработка на дентални протетички помагала. Во рамките на стручните предмети предвидена е феријална пракса во институции кои обавуваат стоматолоШка дејност.

Феријалната практика е задолжителна по завршувањето на втора и трета година, со цел учениците подобро да се оспособат за идната професија, а се реализира во текот на летниот распуст во здравстевни организации. Времетраењето е 100 работни часови распределени во 20 работни дена. За својата работа на феријалната практика учениците уредно водат дневници со краток опис на работата предвидена со програмата.

Можности за вработување[уреди | уреди извор]

Образовниот профил забен техничар може да ги извршува работните задачи во заботехнички лаборатории во рамките на стоматолошки ординации и клиники, претставништва кои се занимаваат со производство и продажба на заботехнички инструменти и материјали. Работата е одговорна, бара многу знаење, вешти раце, самостојност, концентрација и внимание.

Физио-терапевтски техничар[уреди | уреди извор]

Физиотеравпетскиот техничар низ четиригодишно образование стекнува знаења по општообразовните и стручните предмети и практични умеења и вештини за:

  • примена на сите видови терапија (термо, електро, механо, кинези и др.) во рехабилитацијата
  • ракување, грижа и одржување на апаратите, инструментите и матерјалите со кои работи
  • работа со инвалидизирани лица
  • работа со семејства на инвадилизирани лица
  • спроведување на мерки за заштита и унапредување на човековото здравје

Наводи[уреди | уреди извор]