Руј (планина)
| Руј | |
|---|---|
| Руй, Руј-планина | |
Поглед Руј на од село Глоговица. | |
| Највисока точка | |
| Надм. вис. | 1.706 м |
| Друго име | Руй, Руј-планина |
| Географија | |
| Место | |
| Матичен венец | Верило-Рујската група |
| Искачување | |
| Најлесен пат | Лесно планинарење. |
Руј е погранична планина меѓу Бугарија и Србија. Највисоката и точка е врвот Руј (1.706м).
Наоѓа се во западна Бугарија, во близина на градот Трн и југоисточна Србија во близината на селото Звонце. Зазема најзападниот дел на Рујско-Верилската планинска група. По вододелното било на планината поминува државната граница меѓу Бугарија и Србија. Во јужна и источна насока на бугарска територија таа е ограничена со долината на реката Ерма. На запад се поврзува со Рудина Планина. Непосредно на југоисток од неа се наоѓа помала Ездимирска Планина. се протега во насока исток-запад со должина од 20 км и ширина 8 км. Вкупната и површина е околу 86 квадратни километри. Таа е масивна, куполовидна планина од блоков тип и во голема мера во надворешниот си изглед е слична на Витоша.[1] Некои од главните туристички правци во бугарскиот дел на Руј се означени со двонасочна (летна) ознака.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Николов, В., Йорданова, М. Планините в България, София, 1997, стр.80-83.
Поврзано
[уреди | уреди извор]| Оваа статија поврзана со Србија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
