Ружица Милошеска Брчиоска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ружица Милошеска Брчиоска
Родена Ружица Милошеска
Гостивар
Националност Македонка
Позната поп-рок пејачка
Занимање електроинженер во ЕЛЕМ
Сопружник Ивица Брчиоски

Ружица Милошеска Брчиоска (родена на 4 април 1968 во Гостивар)[1]македонска поп-рок пејачка, членка на групата „Ареа“.

Животопис[уреди | уреди извор]

Ружица Милошеска е родена во Гостивар, каде на прославата на матурата го запознала Ивица Брчиоски и оттогаш започнала нивната долга врска, која подоцна била крунисана со брак. Двајцата ја имаат ќерката Елена. Ружица работи како електроинженер во ЕЛЕМ.[2][3]

Мото рок фест Куманово 2022

Таа се јавува како текстописец на песни од следните албуми на Каролина Гочева:[4]

  • Јас имам песна - 2000
  • Зошто сонот има крај - 2001
  • Најубави песни - 2012

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Muzika.Net.Mk > Изведувачи > Ружица Милошеска - Брчиоска (Ареа) > Лична карта“. web.archive.org. 2005-04-26. Архивирано од изворникот на 2005-04-26. Посетено на 2020-10-21. no-break space character во |title= во положба 57 (help)CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. Андријана Андова, „Љубовната приказна ни почна на матурската вечер“, Антена, број 839, 25.7.2014, стр. 5.
  3. „Ќе се изненадите кога ќе дознаете што работи Ружица од Ареа“. zase.mk. Посетено на 2020-10-02.
  4. „Портфолио на учесникот Ружица Милошеска - Брчиоска“. www.muzichkiregistar.com. Посетено на 2020-10-02.