Руапуке (остров)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Руапуке
Ruapuke Island

Карта на областа
Географија
Координати 46°47′ ЈГШ 168°30′ ИГД / 
Површина 16 км2
Макс. надм. височ. 64 м
Земја
Демографија
Население 0

Руапуке (англ. Ruapuke Island) е еден од најјужните острови во главниот архипелаг на Нов Зеланд. Се наоѓа 15 km југоисточно од Блаф и 32 km североисточно од Обан (на Стјуартовиот Остров). Островот зафаќа површина од околу 16 km² и е сместен на источниот крај на Фовоовиот Проток. Денес е ненаселен, но некогаш имал 200 жители, сите Маори[1].

Средината на островот е рамна, со височина од 41 m, а на северниот, јужниот и западниот крај се распослани со хумки. Островот е покриен со закржлавени дрвца. Северниот ‘рт на островот е карпеста испакнатина што се издига во хумка со висина од 62 m. Во најзападниот дел островот достигнува надморска височина 64 m.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]