Фовоов Проток
Фовоов Проток (англиски: Foveaux Strait; маорски: Te Ara a Kiwa/Kewa) — проток кој го дели Стјуартовиот Остров од Јужниот Остров на Нов Зеланд.[1] Долж северното крајбрежје на протокот се протегаат три големи залива: Те Ваевае, Орети и Тоетоес, кадешто се наоѓа и гратчето Блаф. Преку протокот се сместени ненаселените Соландерови Острови, Стјуартовиот Остров и островот Руапуке. Протокот е долг околу 130 м (од Руапуке до Малиот Соландеров Остров), и се проширува (од 14 км кај Руапуке до 50 км кај заливот Те Ваевае) и се продлабочува (од 20 до 120 м) од исток кон запад. Фоовиот Проток е честопати бурен и опасен за пловидба, и постојат многу случаи на бродоломи и давења.
Првиот Европеец кој го открил протокот бил Овен Фолџер Смит, кој наишол на него во 1804 г. Протокот го носи името на Џозеф Фово, тогашниот управник-намесник на Нов Јужен Велс.
Галерија[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Топоними: За Фовоовиот Проток“. Новозеландска географска база на топоними. Земјишни информации Нов Зеланд. Посетено на 28 март 2009. (англиски)
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Фовоов Проток на Ризницата ?
Координати: 46°40′ S; 168°11′ E / 46.67° ЈГШ; 168.18° ИГД
|