Реџеп-пашина кула

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Реџеп-пашина кула

Реџеп-пашина кула се наоѓа на левиот брег на реката Жепа во општината Рогатица, Република Српска. Кулата е резиденцијален тип на феудални кули. Оваа историска градба се наоѓа на списокот на национални споменици.

Историски податоци[уреди | уреди извор]

Не постојат сигурни податоци за времето кога е градена оваа кула во Жепа. Според некои извори, кулата ја градел Реџеп-паша. Во текот на Втората светска војна, објектот бил оштетен поради минирање. Санацијата на објектот била извршена во 1969 година.[1]

Опис[уреди | уреди извор]

Кулата имала подрумски и три надземни спрата, а на секој спрат имало по една просторија. На објектот се забележува пушкарница, според која било заклучено дека првите два срата служеле за одбрана на објектот, а третиот спрат бил наменет за живеење. На третиот спрат има прозорци кон сите четири страни. На објектот нема траги од дрвени или друг вид на скалила. Видливи се остатоци од железни шарки кои придржувале железен капак. На страничните ѕидови се видливи отвори низ кои минувала дрвена хоризонтална греда. Функцијата на оваа греда била да се оневозможи насилно отворање на вратата. Вратата не е зачувана. Целиот објект бил покриен со дрвена конструкција. На оџакот се видливи остатоци од лежишта за греди. Кулата била ѕидана од прецизно исклесани камени блокови, чија боја варира од бела до црвена и кафеава. Од блоковите биле изработени и рамките за прозорците и за вратите. Ѕидовите на кулата биле ѕидани со благо закосување навнатре.[2]

Со решение на Заводот за заштита на споменици на културата и природните реткости на Народна Република Босна и Херцеговина, Сараево од 1950 година, објектот бил ставен под заштита на државата. Од 2007 година Реџеп-пашината кула во Жепа се наоѓа на списокот на национални споменици на Босна и Херцеговина.[3]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Службен весник на Република Српска
  • Крешевљаковић, Хамдија, Стари босански градови, Градови око Дрине и њених притока, Наше старине, И., Годишњак Земаљског завода за заштиту споменика културе и природних ријеткости НР Босне и Херцеговине, Сарајево
  • Крешевљаковић, Хамдија, Куле и оџаци у Босни и Херцеговини, Годишњак Земаљског завода за заштиту споменика културе и природних ријеткости НР Босне и Херцеговине, Сарајево

Наводи[уреди | уреди извор]