Ретка раса

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Ретка раса“ (англиски: The Rare Breed) — американски филм од 1966 година, во режија на Ендрју Меклаглен (Andrew V. McLaglen) по сценариото на Рич Хардман (Rich Hardman). Главните улоги ги играат: Џејмс Стјуарт (James Stewart), Морин О’Хара (Maureen O'Hara), Брајан Кит (Brian Keith), Џулиет Милс (Juliet Mills), Дон Галовеј (Don Galloway), Џек Елам (Jack Elam) и Бен Џонсон (Ben Johnson).[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Англиската вдовица Марта Прајс (ја игра О’Хара) го продава на аукција скапоцениот бик Одмаздник, а купувач е сточарот Александер Боуен (го игра Кит). Вдовицата има намера да ја рашири англиската раса говеда на Дивиот Запад, а до имотот на Боуен бикот го превезува остарениот каубој Сем Барнет (го игра Стјуарт). Најпрвин, Барнет работи тајно за ранчерот Тејлор, со намера да го грабне бикот, но со текот на времето се приклонува кон Боуен, иако ќерката на Марта, Хилари (ја игра Милс) воопшто не му верува. Додека трае превозот на бикот, нив ги следи платеникот на Тејлор, опасниот Дик Симонс (го игра Елам)...

Наводи[уреди | уреди извор]